Дали американска подморница заглави во мраз додека увежбуваше „напад врз Русија“?

Скриншот

Скриншот

Американската нуклеарна подморница „Хартфорд“ заглави во мразот во текот на маневрите на Арктикот.

До инцидентот дошло минатата недела, но за тоа се дозна подоцна. Подморницата имаше задача во текот на вежбата „да ја нападне Русија“. Меѓутоа, таа не успеа да исплива на површината за да лансира ракета, останувајќи заробена под мразот.

Снимките многу брзо се најдоа на Интернет и станаа исклучително популарни. На социјалните мрежи кружи шегата дека Русите го користат арктичкиот мраз во одбранбени цели.

Руските медиуми подоцна пренесоа дека подморницата сепак не заглавила туку навистина се пробивала низ мразот на површината, што е дел од вежбите. Членовите на екипажот со инструменти во рацете го кршат мразот, но подморницата не беше „заробена“.

Се појави и слична снимка стара две години, а што се случува на неа, откријте самите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња