Иљушин Ил-76, повеќенаменски стратешки авион со четири мотори над Кремљ
Алексеј НагаевАлексеј Нагаев, авионски инженер и фотограф од Москва, повеќе од десет години снима уникатни фотографии на руските летала.
Ил-76
Алексеј НагаевИма овековечено авиони низ цела Русија, вклучувајќи ги Арктикот, Камчатка, Крим и Кавказ. Сите фотографии се снимени на небото, над земјата.
Антонов Ан-124 „Руслан“, најголемиот транспортен авион во светот
Алексеј НагаевВоздушната фотографија зазема значајно место во работата на Алексеј Нагаев. Како што вели и самиот за Russia Beyond-Македонија, тоа било љубов на прва фотографија, и наскоро бил претрупан од нарачки и повици да земе учество во различни летови.
Стратешки бомбардер Тупољев Ту-160 на небото над Москва
Алексеј Нагаев„Фотографирам нешта кои сметам дека се интересни, вклучувајќи деца, женска убавина, архитектура и разни градби... Но, немам доволно време за сè, па морав да се фокусирам на нешто. За мене пред сè тоа беше воздухопловството, поларните теми и Москва“, вели Алексеј Нагаев за Russia Beyond-Македонија.
Иљушин Ил-78 советски воздушен танкер со четири мотори, на фотографијата прикажан со два руски двоседи ловци-бомбардери со два мотори Сухој Су-34
Алексеј НагаевФотографирањето авиони не е едноставно и постојат голем број ограничувања. Според фотографот, при снимањето постојат премногу нешта кои едноставно не можат да се контролираат: времето на летот, временските услови и композицијата обично не се онакви какви што би сакал фотографот да бидат.
Авион Су-34 лета над полињата во Воронешката област
Алексеј Нагаев„Членовите на летечкиот екипаж често стануваат соавтори на фотографиите. Резултатот во голема мера зависи од нивната способност да сфатат што сака фотографот и да ја оживеат неговата визија“, објаснува Нагаев. „Пилотот треба да лета по точен агол, а самиот авион има определени физички ограничувања во тој поглед“.
Антонов Ан-2, двокрилен повеќенаменски авион кој масовно се произведувал во советско време, на Антарктикот на подрачјето на руската истражувачка база „Прогрес“.
Алексеј НагаевИскусен фотограф знае што можат или не можат да направат пилотот и неговиот авион, но секој лет е уникатен и е невозможно да се предвиди како ќе помине и какви би можеле да бидат резултатите. Нагаев во тоа гледа определен шарм.
Хеликоптер Ми-24 лета на Кавказ на самрак.
Алексеј Нагаев„Понекогаш фотографиите можат да ги надминат очекувањата, а понекогаш можат и да разочараат. Дури и кај настани како што се воздушни паради, кога би можеле да помислите дека сè е испланирано, тоа всушност не е така“, вели фотографот. „Летот може од некаква причина да биде откажан, и сите подготовки ќе бидат за џабе. Морате да се подготвите за тоа“.
Хеликоптер Мил Ми-8 над крстосувачот Аврора.
Алексеј НагаевСамото снимање не е брз процес. Пред сè зашто подготовките одземаат многу време. Морате сè да организирате, да дојдете до локацијата и да ги почекате вистинските временски услови. „Летот би можел да трае еден или неколку часа – тоа зависи од низа фактори“, објаснува Нагаев.
Хеликоптер Мил Ми-8 над Кремљ
Алексеј НагаевСнимањето може да се одвива различно зависно од леталото: фотографирањето може да се врши низ прозорец или низ отворена рампа или врата. Според фотографот, најтешко е да се поклопат сите различни фактори, вклучувајќи ја среќата, зашто времето е нешто што има големо влијание на исходот.
Сакате да видите повеќе? Делата на Алексеј Нагаев моментално се изложени во галеријата „Фотоцентр“ (www.foto-expo.ru) во Москва. Можете да ги погледнете до 19 ноември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче