Бурејската брана е најголемата брана на рускиот Далечен Исток и е една од 10 најмоќни брани во Русија. Во сопственост е на државната хидроенергетска компанија РусХидро.
Слава Степанов / GELIOБурејската брана се наоѓа на реката Буреја во Амурската област. Нејзиниот капацитет е 2010 мегавати, додека просечното производство изнесува 7,1 милијарди киловат часови.
Темелите за браната беа удрени уште во 1985 година. Меѓутоа од 1989 година, финансирањето на работите во голема мера беше запрено, што доведе до застој во изградбата. Првите капацитети на хидроцентралата беа пуштени во работа 2003, а последните 2007 година.
Браната е висока 140 метри и е највисока брана од овој тип во Русија. Според димензиите може да се спореди со зграда од 50 ката. Приближно 4 милиони кубни метри цемент се заѕидани во браната, што ѝ дава вкупна тежина од околу 15 милиони тони.
Оваа брана го формира Бурејското вештачко езеро со вкупна површина од 750 квадратни километри. Езерото се протега во две федерални територијални единици - Амурската област и Хабаровскиот крај. За целосно полнење на езерото беа потребни 6 години.
Халата во која се сместени турбините е долга 150 метри.
Капацитетите на Бурејската брана користат полиетиленски кабли со сила од 500 kW кои ги произведува германската ABB Energiekabel. Овој вид на кабли првпат беа употребени во Русија токму овде, а вторпат во светот.
Хидротурбините во електраната постигнуваат 125 вртежи во минута.
Кога Бурејската брана конечно беше пуштена во работа, рускиот Далечен Исток доби голема количина на евтина енергија.
Бурејската брана значително ја намали употребата на увозно гориво во овој регион. Се проценуваа дека се работи за количини од околу 5,2 милиони тони, што на регионот му носи заштеда од 4,7 милијарди рубли годишно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче