Според „ВикиЛикс“, „Питер-Сервис“ (Peter-Service) со седиште во Снакт Петербург учествува во руската операција за дигитален надзор попозната како Систем за оперативно-истражни активности (СОРМ). Објавените информации објаснуваат на кој начин оваа технолошка фирма работи со државните агенции во собирањето на лични податоци.
„Шпионските досиеја“ тврдат дека „Питер-Сервис“, компанија која обезбедува софтвер за телекомуникациски фирми, исто така инсталира опрема која на руската влада ѝ овозможува да ги шпионира граѓаните и нивните активности на интернет.
„Руските даватели на електронски комуникации се, според рускиот закон, должни да инсталираат таканаречени СОРМ компоненти за надзор кои ФСБ ги обезбедува на сопствен трошок“, се вели во краткиот преглед на „ВикиЛикс“. „СОРМ инфраструктурата е развиена и распоредена во Русија со блиска соработка на ФСБ, Министерството за внатрешни работи на Русија и руските надзорни компании“.
„Шпионските досиеја“ го покриваат периодот од 2007 до јуни 2015 година и зборуваат само за „државни агенции“, без споменување на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација.
Содржината на извештајот за безбедносните експерти не е ништо ново ниту возбудливо.
„Целта на секоја држава е да ги заштити своите граѓани од терористите и криминалците“, изјави за Russia Beyond Македонија Алексеј Лукацки, стручњак за сајбер-безбедност. Експертот признава дека таа цел се постигнува на различни начини, вклучувајќи го и следењето на комуникациите заради откривање на плановите на екстремистите преку е-пошта или комуникациските сервиси.
„Системи кои извршуваат такви функции постојат во многу земји на светот, а нивната примена е регулирана со соодветно законодавство“, изјави Лукацки. „Во Русија тоа е таканаречениот систем за оперативно-истражни активности (СОРМ). САД имаат свој сопствен систем, Велка Британија свој, Кина свој. Јасно е дека понекогаш тие системи можат да ги кршат уставните права на граѓаните или тајноста на преписката“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче