Медведев на Крим укажа на перспективноста на проектот EnergyNet

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Александар Королков/РГ
Во проектот „паметни електромрежи“ на EnergyNet, кој спаѓа во проектите на Националната технолошка иницијатива, ќе учествуваат машинските претпријатија од Севастопол, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во Феодосија.

Медведев повика на развој на „перспективни насоки“, на пример, производство на машински делови во Севастопол, пренесува „Взгљад“.

Рускиот премиер истакна дека е можно „да се произведува опрема за модернизација на инфраструктурата на енергетската мрежа“ како на градот, така и на цел Крим, да се создаде „интелигентен енергетски систем од нова генерација“ во рамките на програмата EnergyNet. На оваа програма се работи низ цела Русија.

Медведев потенцираше дека е „важно да се искористат овие можности“.

EnergyNet е систем за напојување со електрична енергија од  нова генерација кој ги комбинира современите високи технологии со енергетските мрежи.

Националната технолошка иницијатива е разработена по налог на рускиот претседател Владимир Путин.

Севастопол и Калининград се експерименталните региони каде ќе се реализира овој проект. Финансирањето е само од приватни извори.

Во Калининград реализацијата на првата фаза од проектот доведе до намалување на загубите на електрична енергија за  50%.

Шефот на архитектурниот и програмски комитет на работната група на Energynet Дмитриј Холкин смета дека во земјите на БРИКС до 2035 година пазарот на Energynet ќе достигне 700 милијарди долари. Покрај тоа, иста сума ќе се инвестира во нова енергетика секоја година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња