На денешен ден: Русија го слави Денот на Морнарицата

Александар Галперин / РИА Новости
Празникот се слави со големи паради и симулирани воени операции на море.

Александар Галперин / РИА Новости Александар Галперин / РИА Новости

Денот на Воено-поморската флота е официјален празник на Руската Федерација кој се слави секоја година во последната недела во Јули. Празникот првпат бил воведен во Советскиот Сојуз во јуни 1939 г., а датата на празнување била избрана да биде поврзана со битката кај Гангут. Во текот на овој ден честитки добиваат славните ветерани на морнарицата и сите оние кои ја избрале морнарицата како животен повик.

Првата редовна единица на руската морнарица била создадена од страна на Петар Велики во 1969 г. со што таа се вбројува во редот на најстарите морнарици во Европа. Руската морнарица во својата денешна форма е воспоставена во 1992 г., како наследник на советската морнарица. Таа го наследи најголемиот дел на поранешните советски поморски сили.

Денот на Воено-поморската флота  се прославува со големи паради, демонстрации и симулирани воени операции на море во градовите кои се главни бази на четирите руски флоти. Во текот на минатогодишната церемонија, Владимир Путин рече дека: „Денот на Морнарицата не е само национален празник, туку претставува и една стара и славна традиција.“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња