Руските ловци од шеста генерација ќе можат да прават „радиофотографии“

Авион-ловец од петта генерација Т-50.

Авион-ловец од петта генерација Т-50.

Alex Beltyukov/wikipedia
Најновите руски ловци од шестата генерација ќе бидат во можност да прават радарски „фотографии“ на непријателските авиони и без човечка интервенција да го утврдат нивниот тип и вооружувањето.

Ова го соопшти советникот на првиот заменик-генерален директор на концернот „Радио-електронски технологии“ (КРЕТ) Владимир Михеев.

КРЕТ развива за најновите ловци радиофотонски локатор. Стручњаците веќе имаат експериментален примерок и сега работат на целосниот изглед. Михеев потенцира дека новиот радар значително ќе ги надмине сите постоечки радарски станици (радари) по моќ и опсег.

„Радиофотонскиот радар ќе може да види, според нашите проценки, значително подалеку од постојните радари. Бидејќи ќе го изложуваме непријателот на невидено широк фреквентен опсег, со највисока прецизност ќе ја дознаеме неговата позиција во просторот и по обработката ќе добиеме речиси фотографска слика - радиовизија“, раскажа Михеев.  

Претходно беше објавено дека ловецот од шеста генерација ќе биде во две верзии - со екипаж и беспилотна. Тие ќе се разликуваат не само според оружјето и опрема, но исто така и однадвор. Беспилотните ловци ќе можат да бидат вооружени со електромагнетски топови, да летаат со хиперсонична брзина и да летаат во поблиската вселена. Ќе имаат маневарски способности какви што ќе немаат пилотираните авиони, пишува „Известија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња