Како авионските несреќи ја натераа РФ да размисли за нов авионски парк

МиГ-29

МиГ-29

Вадим Савицки / Global Look Press
Руската воена авијација само за последнава половина година доживеа три несреќи: несреќата со ловците МиГ-29КУБ и Су-33 за време на операцијата во Сирија, како и падот на Ту-154, кој ги превезуваше музичарите од ансамблот „Александров“ во Сирија. Според воените експерти сепак видливите проблеми во воената авијација тешко дека ќе бидат решени во краток рок.

За последниве шест години руските воздухопловни сили обновија над половина од авиотехниката во армијата. Во моментов уделот на авионите кои штотуку се симнале од транспортерите е 55% од вкупниот број, а до 2020 година се очекува овој показател да достигне 70%. Податоците ги наведува во интервју за Интерфакс командантот на ВКС генерал полковник Виктор Бондарев.

Експертите велат дека тоа е многу висок показател во споредба со странските партнери на Русија. „90% од американските авиони се купени во осумдесеттите години од минатиот век. Во последните години тие ставија во вооружување само машини од петтата генерација F-22 и F-35, а целата останата опрема беше само реновирана и модернизирана“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на весникот Известија Алексеј Рам.

Според него, за разлика од Американците, во Русија имало период кога во армијата не влегла никаква техника, а старите авиони едноставно 'рѓосувале во хангарите. „Денешните индикатори се резултат на радикалното решение од 2010 година армијата да биде превооружена целосно“, додава аналитичарот.

Су-34. Извор: Вадим Савицки / Global Look PressСу-34. Извор: Вадим Савицки / Global Look Press

Така, во рамките на програмата за вооружување до 2020 година на армијата, руските ВКС ќе добијат над 600 современи авиони, вклучувајќи борбени авиони од петтата генерација, како и над 1.000 хеликоптери.

Секоја година воената флота на Русија се пополнува со во просек по 150 авиони и хеликоптери. Во 2016 година, на пример ВКС на Русија добија 139 единици техника, вклучувајќи 59 ловци:

  • Миг-29СМТ
  • Су-30М2
  • Су-30см
  • Су-34
  • Су-35С

„Јагода на шлагот“ станаа двата стратешки бомбардери Ту-160 и Ту-95.

Туполев Tu-95MS Извор: Вадим Савицки / Global Look PressТуполев Tu-95MS Извор: Вадим Савицки / Global Look Press

Воено-цивилна воздушна пловидба

На 25 декември 2016 година во Црното Море, 70 секунди по полетувањето, се урна воениот авион Ту-154. Во тој момент во авионот имаше 92 лица.

Оваа трагедија стана најголемата авионска несреќа за минатата година. Поради неа раководството на руското Министерство за одбрана почна да размислува за варијантата за целосно остарениот парк од ТУ-154 да биде заменет целосно со нови современи машини. Слично мислење дава за „Руска реч на македонски“ и шефот на меѓународната лабораторија за механика и енергетски системи на Универзитетот за информатички технологии Павел Булат.

„Плановите се 30-40-годишните машини да се заменат со нови средномагистрални Ан-148. Но, проблемот е што ќе треба да се купат околу 50 авиони, а цената на секој Ан-148 е околу 30 милиони американски долари. За таа цел треба да биде ревидиран буџетот и да бидат коригирани плановите за купување на воздушна техника. Затоа краткорочно руското Министерство за одбрана нема да може да одлучи за оваа задача“, смета експертот.

Според него има и алтернативна опција - 40-годишните Ту-154 да се заменат со слични авиони од почетокот на деведесеттите години од минатиот век, кои имаат минимум часови во воздухот и во моментов стојат без работа во хангарите на руските авиокомпании.

„Овие машини денес чинат околу 500.000 американски долари за авион. Тие можат привремено да го решат проблемот со воено-цивилниот превоз, додека воениот врв да најде пари за новите скапи машини“, додава аналитичарот.

Тој забележува дека ако плановите не се сменат, во наредните години Ан-148 и турбовинтовите Ил-112 ќе бидат столбот на средномагистралниот превоз на Министерството за одбрана. Во исто време далечните летови на ќе се врши со Ту-204 и Ту-214.

Финансирање

Последниве неколку години донесоа голем број измени во програмата за вооружување на Русија. Обемот на финансирањето остана непроменет, но треба да се одложи купувањето на некои видови техника.

„Пред шест години раководството на руското Министерство за одбрана определи буџет од 7.5 билиони рубли (околу 127 милијарди американски долари) за обновувањето на својата флота до 2022 година и дури планираше дотогаш да купи околу 50 авиони од петтата генерација Т-50“, изјави за „Руска реч на македонски“ директорот на Центарот за анализа на стратегиите и технологијата Руслан Пухов. Според него, сепак, кризата, санкциите и рецесијата во економијата го одложиле моментот на појавувањето на новите авиони, а исто така и на нивните количества.

Освен да го продолжи рокот за испорака на голем број видови воздушна техника командата на военото министерство во Москва одлучи и да купи само 12 ловци Т-50, објасни Пухов. Самото снабдување на авионите од петтата генерација може да влезе во следната државна програма за развој на вооружувањето за периодот 2018-2025 година.

Санкции и замена на увозот

Во 2014 година, откако Крим се приклучи на Русија, против Москва и особено против нејзината воена индустрија беа воведени економски и индустриски санкции. Поради тоа на Русија ѝ се наметна влошување на економските односи со голем број странски претпријатија.

За руската авионска индустрија откажувањето од западните и најмногу од украинските резервни делови доведе до губење на моторите за воено-транспортните системи, губење на техничките резерви и загуба на електронската компонентна база за некои видови воздушна техника.

Во врска со ова на владата ѝ се наложи итно да изготви програма за замена на увозот - да биде создаден извршен циклус на производство на извозни компоненти и агрегати во домашните претпријатија. За решавање на овој проблем од буџетот беа одвоени околу 50 милијарди рубли (842 милиони американски долари).

Според главниот уредник на магазинот „Национална одбрана“ Игор Коротченко првите резултати се појавуваат само една година по лансирањето на програмата.

„Нашите претпријатија веќе го презедоа целосниот производствен синџир за делови за моторите на образовно-борбените авиони Јак-130; развиен е и нов систем за насочување за авионите Су-27СМ3, Су-30см, Су-35С, што овозможи да бидат заменети украинските системи „Сура“, истакна експертот.

Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека Русија ќе може целосно да произведува аналози на украинските делови уште во 2018 година, а на западните до 2021 година.

Експертите, сепак предвидуваат дека овие рокови се премногу амбициозни и Русија ќе може да произведува од нула одделни делови и навигациски системи дури кон средината на следната деценија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња