Девалвација на рубљата го направи рускиот пазар на здравствени услуги популарен кај странците. Во 2015 година здравствениот туризам му донел на рускиот буџет од 7 до 10 милијарди рубли (100-150 милиони долари), изјави советникот на министерот за здравство на РФ Игор Ланској во интервју за „Комерсант ФМ“.
Претходно министерот за здравство Вероника Скворцова соопшти дека во 2015 година бројот на странци кои се лекуваат во Русија се зголемил за една четвртина во споредба со 2014 година.
Експертите што ги праша „Комерсант ФМ“ потенцираат дека странската побарувачка за руската медицина е во пораст поради слабата рубља. Лекувањето и придружните услуги во земјата сега се четири пати поевтини отколку на Запад, објасни генералниот директор на Клиничката болница на Јауза Јаков Марголин.
Според Маролин, кон здравствен туризам странците прибегнуваат во случај некои скапи услуги да не се опфатени со осигурување, на пример, пластичната хирургија. Покрај тоа, Русија има уникатни услуги за кои доаѓаат од други земји - репродуктивната медицина и вештачкото оплодување, изјави Марголин.
Претходно во Русија доаѓаа да си го подобрат здравјето само граѓани на поранешните советски републики, но во моментов расте интересот кај Американците, истакна директорот на Научно-истражувачкиот институт за организација на здравството Давид Мелик-Гусејнов. „При посетата во градот Курган на Федералниот центар за ортопедија и трауматологија, видов во ходникот Американци како се разодуваат. Од гледна точка на клиничкиот аспект на квалитетот на здравствената заштита не сме полоши, затоа луѓето одбираат каде е поевтино, покорисно“, смета „Мелиј-Гусејнов“.
На последната ранг-листа на најатрактивни земји за здравствен туризам од страна на компанијата „Виза“ Русија го зазема 34 место. Вкупно на листата има 41 земја. Меѓу првите 3 со години се наоѓаат Канада, Велика Британија и Израел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче