Рускиот „ѓеврек“ – најдобриот зенитен ракетен комплекс

Press photo
Во пресрет на Парадата на победата на Црвениот плоштад нашата екипа ја посети фабриката „Купол“ која ги произведува уникатните зенитни ракетни системи со мал дострел „Тор-М2У“ и дозна зошто ова оружје, кое го носи името на богот на громовите, често го нарекуваат и „руски ѓеврек“.

Едно од најважните борбени возила на Парадата на победата на 9 мај на Црвениот плоштад е зенитниот ракетен систем „Тор-М2У“ кој, како што тврдат многумина експерти, своето имe го добил според скандинавскиот бог на громовите и молњите. Системот е наменет за уништување на непријателски борбени средства во мал радиус од 15 километри, односно кога тие средства веќе се приближуваат кон целта.

Press photoPress photo

Екипата на „Руска реч на македонски“ ја посети фабриката во која се произведува системот „Тор-М2У“ со намера да дознае зошто ова оружје е толку уникатно.

Што претставува зенитниот ракетен систем „Тор-М2У“?

Зенитниот ракетен комплекс Тор-М2У“ го произведува фабриката „Купол“ (во состав на концернот за ПВО „Алмаз Антеј“) од градот Ижевск (1.200 километри источно од Москва). Денес ова претпријатие спаѓа меѓу клучните извозници од военоиндустрискиот сектор. Во фабриката работат над 8.000 лица,

„Во зенитниот ракетен комплекс Тор се реализирани уникатни системи кои можат да се спротивстават на сите постојни офанзивни средства. Во септември 2015 година успешно тестиравме уништување на ракета на потенцијален противник во движење со брзина од 25 километри на час (имитација на движење на колона опколена техника – заб. ред.)“, вели за „Руска реч на македонски“ генералниот директор на фабриката „Купол“ Фанил Зијадинов.

Под отворот со поклопец се наоѓаат осум ракети кои старуваат вертикално и можат за неколку секунди да уништат каква и да е воздушна цел на оддалеченост од 1 до 15 километри. Не е важно дали станува збор за наведувачки или за крстосувачки ракети, авионски бомби, самонасочувачки проектили на високопрецизно оружје, авиони (ловечки и офанзивни), хеликоптери или беспилотни летала за набљудување или за офанзива.

Според Зијадинов Тор-М2У“ е најдобар во својата класа поради можноста во текот на маршот да отвори оган без запирање. Машината може да издржи температурни разлики од -50 до +50 степени според Целзиус, и не може да ја попречи ниту еден систем за попречување радиобранови што го поседува веројатниот противник. Системот може да открие 48 цели и истовремено да отвори оган на 4 објекти во дијапазон од 360 степени, вели Зијадинов.

Како што истакнува тој, од 2008 година производството на системот Тор е повеќекратно зголемена. Станува збор за испораки и на домашниот и на странскиот пазар. Концернот во моментов спроведува прилагодување на системот за бродски услови и за уништување ракети на потенцијалниот противник над водена површина.

Тор-М2КМ. Press photoТор-М2КМ. Press photo

Како што наведува изворот на „Руска реч на македонски“ од воената индустрија, зенитниот ракетен систем Тор се разликува од другите машини од сличен тип по тоа што на една шасија се разместени сите системи од овој комплекс: локатори за откривање цели, за следење и наведување, и системите за гаѓање.

„Оваа машина може да се испорача со гасеничари или со тркала, може да се постави на железничка платформа или на брод. Таа е универзална и може да ги уништи сите цели со голема прецизност: 97 од вкупно 100 цели!“, додава експертот.

Тој вели дека ниту еден систем на светов нема слични можности – ниту американскиот „Chaparral“, ниту британскиот „Rapier“, ниту француско-германскиот „Roland V“, па дури ни францускиот „Crotale-NG“.

Споменатиот експерт вели дека системот го добил своето име по геометриската фигура тор, која обичниот народ ја нарекува „ѓеврек“. Фигурата ја прават гелерите на боевите глави на овој систем кога приоѓаат кон целта. За волја на вистината, постои и друга верзија. Определени експерти сметаат дека системот го има добиено името по воинствениот скандинавски бог Тор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња