Како да се спасите од Зика за време на Олимпијадата во Бразил?

Ројтерс
Научниците претпоставуваат дека вирусот се пренесува не само преку комарците, ами и преку сексуален однос. Светската здравствена организација објави глобална тревога во врска со вирусот Зика кој брзо се шири, а кој е пронајден на сите страни од Америка и веќе постои еден случај во Европа. Руските вирусолози за „Руска реч на македонски“ советуваат што треба да се направи за да се намали ризикот од заболување.

За разлика од Еболата, вирусот Зика не е смртоносен, но, судејќи според сè, доведува до раѓање на деца со микроцефалија – вродена патологија на развој на черепот и на мозокот, што од своја страна има сериозно негативно влијание во развојот на детето.

Од октомври 2015 година во Бразил, кој се подготвува годинава да биде домаќин на летната Олимпијада, регистрирани се повеќе од четири илјади случаи на микроцефалија кај деца, чии мајки биле инфицирани со вирусот.

Вирусот бил откриен уште во четриесеттите години од минатиот век во Уганда, а негови носители биле мајмуните. Но, со оглед на тоа што локалното население се стекнало со силен имунитет кон вирусот, на глобално ниво бил „забележан“ откако комарците-преносители се појавиле во Јужна Америка и почнале активно да се преселуваат по континентот.

Патогениот резултат што денес се гледа во Новиот свет е резултат на неговото ширење кај популација без стекнат имунитет на него.

Освен во Новиот свет, овие комарци забележани практично на сите агли од планетава, освен на Антарктикот и освен вирусот Зика го пренесуваат и Денге, жолтата треска, треската Западен Нил и околу стотина други помалкупознати вируси.

Во моментов се започнати истражувања за откривање вакцина против Зика (освен во САД, истражувања се вршат и во Европа и во Русија), затоа најдобар начин на борба со него засега се превентивните мерки, велат за „Руска реч на македонски“ руските вирусолози.

Како да се заштитите?

Предупредување за бремените жени

Со оглед на тоа што Зика претставува закана за децата во утробата на мајката, вирусолозите им препорачуваат на бремените жени да не патуваат во тропски земји, а ако сте веќе таму, тогаш, доколку не е неопходно, не излегувајте надвор од деловите што се климатизирани, а исто така направете анализа за вирусот пред бременоста.

Лична заштита

Главен начин за заштита се комарниците на прозорците и над креветите, долга облека и средства против комарци. Патогените комарци најчесто се среќаваат на диви места и наперифериите од градовите, затоа е најдобро да не ризикувате и да одите на прошетка во природа.

Ликвидација на комарците

Во некои земји локалните власти се зафатија со централизирано уништување на компарците покрај водите и мочуриштата. На пример, во Канада за оваа цел се користи средството метатион. Овој метод го намалува бројот на инсекти, но не ги уништува во целост.

Помалку секс

Постојат податоци, кои засега не можат да се негираат, за тоа дека вирусот Зика се пренесува по полов пат од инфициран маж, дури и по три недели од закрепнувањето.

Планирање на патувањата

Доколку имате намета да посетите земја каде постои вирусот Зика или други опасни вируси, претходно преземете мерки за претпазливост. Еден од најголемите настани во Јужна Америка во 2016 година се одржува во Бразил – жариштето на вирусот Зика.

Текстот и инструкциите се напишани врз основа на интервјуто со професорот Михаил Шчелканов од Далекуисточниот федерален универзитет во Владивосток и со професорот Сергеј Нетесов од Новосибиркиот државен универзитет во Новосибирск.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња