На почетокот во секое претпријатие ќе се спроведе проверка на постоечката комуникација. Дури потоа се планира да се започне со поставување на нова опрема. Целата опрема и програмската поддршка, како што се вели во документите за набавка, треба да ги поседуваат „неопходните средства за заштита на информациите и за одбивање на странското техничко разузнавање“.
При создавањето на еден воен комплекс можат да учествуваат десетици, па дури и стотина претпријатија, чии соработници немаат право да разменуваат документација онака како што навикнале тоа да го прават обичните луѓе – по електронска пошта, и не можат, да кажеме да разговараат за некои моменти од работата преку Скајп. Сето тоа негативно се одразува на темпото на работа, зашто за сето тоа вработените во сферата на одбраната мораат како порано да испраќаат печатена кореспонденција преку специјална курирска служба, да зборуваат по заштитени телефонски линии или да се среќаваат лично. Имено овие проблеми треба да ги реши новиот систем.
„Ние ги доведуваме теничките можности на ново ниво и создаваме единствен заштитен информациски простор за целиот одбранбено-индустриски комплекс на Русија. Создадениот систем на претпријатијата им овозможува да ги користат сите можности на телекомуникациската технологија и гарантира висок степен на информациска безбедност“, вели директорот на одделот за иновациски развој на „ОПК“ Александар Калинин.
Според техничката задача, новиот систем ќе им овозможи на вработените во тајното производство да ги користат за професионални цели оние нешта на кои се навикнати во секојдневниот живот, како што е електронската пошта, аудиовидеоконференциска врска и чување податоци во „облачиња“. Освен тоа, со помош на сопствениот „Интернет“, инженерите ќе можат на оддалеченост да користат моќни информациско-технички ресурси, како што е Центарот за компјутерско моделирање (суперкомпјутер), создаден во АД концерн за радиомеханика „Вега“ во Москва.
Спореддокументацијата на Министерството за индустрија и трговија на Русија кои можат да се најдат на отворени извори, во 2016 година е планирано новиот систем да биде спроведен во 255 претпријатија од руската ОПК. Притоа во дописот до јавноста се вели дека станува збор за повеќе од 1.000 претпријатија. Оваа разлика, веројатно, сведочи за тоа дека програмата е предвидена за неколку години.
Создавањето на системот во целост ќе биде финансирано од страна на државниот федерален буџет, но планираната сума за создавање на системот не се открива.
Во барањата за „тајниот Интернет“ особено се забележува дека апаратурата и програмите треба да бидат во целост од домашно производство. Тоа ќе овозможи да се избегнат таканаречените „додатоци“, што странските производители ги прават специјално, а кои подоцна можат да бидат искористени од нивните разузнавачи за добивање пристап до тајните материјали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче