Центарот за подготовка на космонаути наполни 56 години

Григориј Сисоев / РИА Новости
На 11 јануари 1960 година главниот команант на воздухопловните сили Константин Вершинин издаде тајна директива за создавање специјален војнички дел 26266. Така започна историјата на Центарот за подготовка на космонаути.

Оваа година Центарот за подготовка на космонаути „Ј.А. Гагарин“ (ЦПК) ОДбележува 56 години од своето основање. Првиот одред астронаути бил подготвен за помалку од една година. А, и не може да биде поинаку во услови на вселенска трка помеѓу САД и СССР - податоците на советското разузнавање за подготовка на американските астронаути почнаа да ги престигнуваат советските стручњаци. И кандидатите за космонаути, и инструкторите работеле до исцрпеност.


Што е денес ЦПК?


Централен граничен премин, а потоа уште еден ... На секој од нив строгата стража внимателно гледа во моето лице, детално ги разгледува податоците од списокот, ме замолуваат да го отворам багажникот. Откако го гледаат презимето во моите документи, моментално се насмевнуваат и стануваат фини: „Поминете!“

 
Подготовката на космонаути за одржувањето на првиот вселенски лет трае во просек околу седум години. Во ЦПК ми кажаа дека во моментов рускиот одред брои 37 космонаути, од кои 16 засега го очекуваат првото „вселенско службено патување“. Во одредот има само две жени - Елена Серова, чиј прв лет заврши во март 2015 година, и Ана Кики, која засега нема практично искуство со летови во вселената.


Меѓу космонаутите има не само воени пилоти, ами и инженери – на пример Фјодор Јурчихин, Сергеј Крикаљов, а исто така и претставници од други професии - лекарот Олег Котов, биологот Сергеј Рјазански.


„Во моментов во ЦПК работат околу две илјади вработени, меѓу нив има инструктори, инженери, научници, медицински професионалци, тест-пилоти на вселенската техника - сите тие работат на земјата за да може сè да функционира во вселената - коментира за „Руска реч на македонски“ началникот на ЦПК Јуриј Лончаков. - Времето лета, се појавуваат нови цели и перспективи - Месечината, Марс, изучување на далечната вселена, создавање на нови вселенски станици. Независно од техничкиот напредок, роботот нема да може да го замени човекот во вселената. Многу често работата на космонаутите бара нов пристап при решавањето на задачите, машината не може да се справи со тоа“.


Времето на првите


По предлог на главниот конструктор на ОКБ-1 Сергеј Павлович Корољов одлучиле првите астронаути да бидат избрани меѓу пилоти од реакциско истребувачката авијација.

Комисијата разгледала документите на 3461 пилоти. По првичните интервјуа и медицински испитувања во одредот влегле 20 лица.


Во март 1960 година на Централниот аеродромот „Фрунзе“ во Москва пристигнала првата група кандидати за вселенски лет - немало посебни простории, затоа во прво време сите курсеви се одржувале во двокатна зграда во спортската база на ЦСКА во близина на метро станицата „Динамо“. По четири месеци Единицата се преселила во Свездениот град, кој денес е познат низ целиот свет.


Првиот одред ги проучувал границите на човечките можности: идните астронаути биле вртени во центрифуга со оптоварување од 12 G, се спроведувал тест на издржливост во термокамера на температура од +70 ° C со времетраење од 2 часа.


Од таен објект до меѓународен вселенски центар


Во април 1961 година се случил легендарниот лет на Јуриј Гагарин - првиот космонаут на планетата; во август 1961 година - летот на Герман Титов, првиот лет со времетраење над едно деноноќие, кој му докажа на целото човештво дека во вселената може да се живее и да се работи; во јуни 1963 година полета Валентина Терешкова. Овие и други достигнувања го зацврстуваат СССР како водечка вселенска сила, а Центарот за подготовка на космонаути во Ѕвездениот град станува уникатна школа во која се подготват покорувачите на вселената.


Годините минуваат, се менува и ЦПК - тестовите за космонаутите веќе не се толку сурови, а времето за подготовка суштински се зголемило. Во базата на Центарот се одржуваат сериозни научни истражувања, се зголемува базата за тренинзи. Таа заслужува да биде спомната одделно. Салите „Сојуз“ „МВС“ - тука сите симулатори се со во реални димензии и со вистинска опрема, тоа овозможува за време на подготовките успешно да бидат одработени сите работни и неработни ситуации. Во моментов се модернизира хидролабораторијата во која космонаутите „вежбаат“ работа надвор од бродот, а исто така и познатата голема центрифуга. Потребите на Центарот се зголемуваат, потребно е модернизирање на опремата.


ЦПК поседува и сопствена флота: со модифицираните Ил-76 МДК се одработува режимот на бестежинска состојба. Има наставни авиони со кои космонаутите го летаат својот план за специјалната подготовка, а исто така и авиони кои се користат за визуелна опсервација, за фотографирање од воздух.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња