Руско оружје против ИДИЛ

Ројтерс
Како Сирија треба да го користи руското оружје, со цел да обезбеди најголема ефикасност?

Изборот на стратешки цели се формулира врз основа на анализата на структурата на ИДИЛ, во прв ред со неговиот систем на позадината, снабденоста и особините на тактиката.

За чудо излезе дека ИДИЛ е слаб во снабдувањето, без оглед на значителниот финансиски потенцијал, кој во најголем дел се заснова на шверцување нафта. Освен тоа, брзиот напредок кон север и кон северозапад многу ја растегна комуникацијата на ИДИЛ.

Бомбардерите ќе ги уништат базите за снабдување на ИДИЛ

На овој начин најпогодни и најважни стратешки цели за потенцијалните операции против ИДИЛ можат да бидат базите во позадина, особено крупните складови на гориво и материјали за подмачкување, ремонтните бази во близина на фронтовите, а исто така и колоните кои испорачуваат гориво и материјали за подмачкување и муниција.

Веќе сега во владините сили постојат доволен број инструменти на ВВС кои можат да овозможат успешно спроведување на ваков род напади. Ескадрили (12 единици) од бомбардери Су-24 и исто толку ловци-бомбардери Су-25 се сосема доволни, а токму тоа количество, според некои информации, неодамна е префрлено од Русија во Сирија.

Неколку недели ваков вид операции, и снабдувањето на предните делови на ИДИЛ во провинциите Идлиб, околу Алепо, во предградијата на Дамаск и на Дер ас Зора ќе биде нарушено.

Но, за сето тоа време, како и сега, ќе продолжуваат тешки борби на земјата на неколку критични точки. Пред владината војска сега стојат минимум три итни задачи. Првата се огледа во тоа да се отфрлат силите на ИДИЛ и на нејзините сојузници од источните предградија на Дамаск. Втората е да се деблокира воената база Кувејрис во реонот на Алепо. Третата е да се обнови целосната контрола над трасата Дамаск – Хомс.

На Дамаск му е потребен десант во пустина

Борбите во густонаселените источни предградија на Дамаск добија карактер на војна со уништување пред околу еден месец кога владината војска направија неуспешен обид за контранапад. Меѓу другото, токму овој дел може да се смета како основа за организација на заеднички контранапад во деловите на Палмира, што би можело да претставува преломна точка во текот на воените дејствија против ИДИЛ во Сирија. Сега ИДИЛ ги има втиснато во овие делови своите најјаки борбени сили, така што нападот на владините сили е можен само со значителна надмоќ. Може да се претпостави дека токму во овој регион можат да дојдат современите видови руско вооружување, истите оние Т-90.

Но, и ваквата надмоќ нема да биде доволно за организирано и брзо да се нападне Палмира. Меѓу предградијата на Дамаск и на Палмира има гола пустина со неколку патишта и стратешки раскрсници. Тука единствен потпорен пункт може да се смета оазата Ал Картјан. Овие речиси идеални услови за истоварување на десант со цел да се пресечат крупните сили на ИДИЛ кои се насобрани во предградијата на Дамаск. Ваквата операција е повторно можно доколку постојат десантни средства, вклучувајќи и транспортна авијација, хеликоптери, специјална оклопна техника.

Ударни хеликоптери и современи тенкови се испраќаат кај Алепо

Воено-возушната база Кувејрис е блокирана речиси три години, но до неодамна на некаков начин нејзиниот гарнизон можеше да биде снабдуван. Постојат основи за да се претпостави дека засилувањето на воздушниот дел заедно со префрлањето кај Алепо на посовремена оклопна техника на крајот ќе даде можност за деблокада на базата, што, од своја страна, ќе значи потиснување на ИДИЛ од овој дел на фронтот кон пустината.

Стратешката траса Дамаск – Хомс во моментов е пресечена на две места. Но, доколку првиот проблематичен дел (околу три километри) некако може да се одмине, на второто место ИДИЛ има окупирано неколку главни височини. Нивното потиснување од ова место без примена на артилерија и хеликоптери е тешко и е проследено со големи загуби.

Оригиналот на руски јазик може да се прочита тука

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.