Лансерот на гранати ДП-64 влегува во сериско производство

Во Русија е започнато сериско производство на 45-милиметарскиот лансер на гранати со две цевки ДП-64 Непрјадва. Извор: Валериј Шарифулин / ТАСС

Во Русија е започнато сериско производство на 45-милиметарскиот лансер на гранати со две цевки ДП-64 Непрјадва. Извор: Валериј Шарифулин / ТАСС

Силите на Воено-морската флота на Руската Федерација во своето вооружување ќе го добијат 45-милиметарскиот лансер на гранати со две цевки ДП-64 Непрјадва, кој може да напаѓа воени цели. Во Русија е започнато сериско производство на ова оружје.
Најновите руски летачки бродови
„Руска реч на македонски“ ви ги претставува трите новитети во хидроавијацијата на Русија.

„Во 2014 година добивме солидна нарачка од Министерството за одбрана, за точниот обем и за кои единици е наменета нарачката, сега не можам да кажам, но станува збор за Воено-морската флота“, им изјави на новинарите претставникот на компанијата Базалт за време на одбранбената изложба IDEX-2015, која се одржува во главниот град на Обединетите Арапски Емирати Абу Даби.

Лансерот на гранати е наменет за одбрана на бродовите од нападот на воените пловила на надворешни рути и на отворени делови на стационирање. ДП-64 исто така се применува за безбедност на крајбрежната инфраструктура и на морските платформи. Максималната далечина на стрелбата изнесува 400 метри. Стрелањето од лансерот на гранати се врши од секоја цевка во исто време. Лансерот стрела со фугасни гранати. Исто така за олеснување на наоѓањето на пловилото во вода кога е темно во комплетот влегуваат и светлосни гранати.

Црноморската флота добива уште една подморница
Ултраневидливата дизел-електрична подводница може да уништи цел и притоа да остане невидлива за противникот.

ДП-64 беше разработен во 1989 година во ковровската фабрика „В.А. Дегтарјов“, но досега не се произведувал сериски. Во 1990 година тој беше ставен во вооружувањето. Најпрво него го имаше само во единиците за посебна намена на војската за државна безбедност на КГБ на СССР.

Потоа тој почна да се произведува во мали партии за морската пешадија, за Федералната служба за безбедност, за војниците на граничната служба и за противдиверзионите чети. Со нив можат да се вооружат единиците на крајбрежната служба, воените и цивилните бродови, како и други пловила.

ДП-64 се нуди и за извоз (пред сè како ефикасно оружје за борба со морското пиратство), сепак засега нема информации за склучување на вакви договори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.