Металот на иднината доаѓа од Сибир

Сибирски хемиски комбинат (затворен град Северск, Томска област): оператери на нуклеарниот реактор АДЕ-5. Извор: А. Соломонов / РИА Новости

Сибирски хемиски комбинат (затворен град Северск, Томска област): оператери на нуклеарниот реактор АДЕ-5. Извор: А. Соломонов / РИА Новости

Руските научници го произведоа првиот примерок на стратешки важниот метал берилиум. Технологијата на производството е државна тајна, но „Руска реч на македонски“ откри некои детали. Берилиумот е еден од најскапоцените метали на светот. Без него не е можно да се направи нуклеарно оружје, да се лета со авион, да се направат рендгенски снимки и да се освојува космосот.

Новата технологија на производство берилиум ќе ѝ помогне на Русија да се ослободи од увозот на овој редок и скапоцен метал, сметаат научниците од Томскиот политехнички универзитет и од Сибирскиот хемиски комбинат (една од најголемите установи во Русија која се занимава со нуклеарен материјал). Тие заедно кон крајот на јануари во лабораторија ги создадоа првите сто грама од овој метал.

Во следната фаза научниците планираат да произведат 1-2 килограми берилиум. Планирано е индустриското производство да започне веќе во 2020 година. Рокот за изградба на фабриката е пет години, а инвестицијата се оценува на околу 30 милиони американски долари.

„Технологијата што ја предлагаме се одликува со затворен технолошки циклус и со можност покрај металниот берилиум од концентратот да се издвојат и синтетички калциум флуорид и силициум диоксид како дополнителни производи што имаат комерцијална вредност“, вели за „Руска реч на македонски“ проректорот за наука и за иновации на Томскиот политехнички универзитет Александар Дјаченко.

Полиетиленски оклоп против боевите ласери
Руската влада издаде налог за разработка на нов вид заштита на оклопните возила и на сета останата воена техника која би можела да наиде на удар од куршуми и шрапнели, како и за заштита од експлозија. За оваа потреба, научниците што се занимаваат со оваа проблематика ќе го искористат полиетиленскиот оклоп. Какви се силните страни и слабостите на овој материјал, во следниов текст.

Новата технологија овозможува да се сочува и флуорит, кој е исто така скапоцен минерал. „Притоа тој во голем степен хемиски се збогатува и воедно се ослободува од силициумот“, истакнува Дјаченко. Флуоритот се користи во оптиката, во металургијата, во хемијата и во други индустриски гранки.

Научниците предлагаат како суровина да се користат бертрандит-фенакит-флуорит, кои во Русија се добиваат по индустриски пат во погоните на Ермаковските наоѓалишта.

Метал на космичкиот век

Берилиумот е еден од најскапоцените метали во светот. Министерствата за одбрана од целиот свет го вбројуваат берилиумот во „стратешки и критично важни“ супстанции, со оглед на тоа дека тие се користат во нуклеарниот и во аерокосмичкиот сектор. Без него не е можно да се направи нуклеарно оружје, да се лета со авион, да се направат рендгенски снимки и да се освојува космосот. Научниците го карактеризираат берилиумот како „метал на космичкиот век“, „метал на иднината“.

Според статистиката на Геолошката служба на САД, во светот во 2012 година се произведени 230 тони берилиум, од кои 200 тони во САД, 25 тони во Кина и уште неколку тони во Казахстан. До неодамна технологија за производство на берилиум поседуваа само Уљбинската металуршка фабрика во Казахстан, Brush Wellman во САД и кинеската компанија SKS.

Хемиските елементи број 114 и 116 добија име
Меѓународното здружение за чиста и применета хемија (IUPAC) официјално им ги додели имињата „флеровиум“ и „ливермориум“ на елементите број 114 и 116 од Периодниот систем на елементи на Менделеев. Овие елементи беа синтетизирани од страна на руските научници со помош на нивните американски колеги.

Стратешките резерви се при крај

Засега е тешко да се каже дали новата технологија на руските научници ќе придонесе да се измени односот на силите на светскиот пазар. Инфраструктурата на Еремаковското наоѓалиште е во прилично лоша состојба, истакнува кандидатот на геолошко-минерални науки, доцент на Уралскиот државен рударски универзитет Михаил Попов. „Неопходно е да се ревидира процената на резервите“, смета експертот.

„Ќе биде интересно да се следи како во примената на новата технологија се однесува рудата на берилиум од Мариинското наоѓалиште на Урал, која содржи друг силикат на берилиум т.е. берил“, вели Попов. Според него, ова наоѓалиште во советско време било главен извор на берилиумската руда и сè уште содржи значителни резерви. Тоа е и понатаму во функција, и во него е зачуван сепарацискиот комбинат за добивање концентрат на рудата.

Освен тоа, берилиумот е токсичен метал, па поради тоа и неговото производство е поскапо. „Производство на берилиум по застарените технологии што се користат, на пример, во Казахстан, ги загадуваат подземните води и природната средина, и поради тоа мора да постои заштитна зона широка најмалку 200-250 километри“, нагласува Попов. Ќе придонесе ли технологијата развиена во Томск процесот да биде поеколошки, ќе се знае кога научниците во лабораторијата ќе ја произведат втората партија берилиум.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.