САД ќе побараа од Европа да го намали увозот на руските гас, изјави за новинарите заменикот советник на претседателот на САД за национална безбедност, Бед Родс.
„Имаме намера тесно да соработуваме со нашите европски сојузници заради диверзификација на енергетските ресурси на краткорочен и долгорочен план, а исто така и ограничување на можноста на Русија да ја користи енергијата како инструмент за политичко влијание. Јас очекувам за тоа да се дискутира во Полска, за време на средбата на источно и централноевропските земји за време на средбата на Г-7“, изјави Родс.
Тој додаде дека САД веќе презеле одредени чекори за да го олеснат лиценцирањето и извозот на гасот во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче