На Русија ѝ е потребен сателитот Тундра

Лансирањето на сателит од космодромот „Плесецк“ (север на европскиот дел на Русија) во високата елиптична орбита со помош на ракета-носител „Сојуз-2.1б“ е планирано за летото 2015. Извор: Андреј Моргунов

Лансирањето на сателит од космодромот „Плесецк“ (север на европскиот дел на Русија) во високата елиптична орбита со помош на ракета-носител „Сојуз-2.1б“ е планирано за летото 2015. Извор: Андреј Моргунов

Лансирањето на рускиот воен сателит Тундра е пренесено за јуни 2015 година. Засега системот за противракетна одбрана на Русија не е целосен.

Ваквата вест ја пренесува рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на извори од ракетно-космичката индустрија и од Министерството за одбрана на Русија. Сателитот требаше да излезе во орбитата во 2013 година и да го замени застарениот сателит Око-1. Тундра е наменета за откривање на старт на балистички ракети и спаѓа во системот за предупредување од ракетен напад. Уште во 2014 година министерот за одбрана Сергеј Шојгу го нарече системот „еден од клучните правци во развојот на силите и на средствата за нуклеарно воздржување“. 

Како што објасни за „Руска реч на македонски“ воениот експерт, поранешниот полковник Михаил Тимошенко, причината за пробивањето на роковите може да се крие кај подизведувачите, кои се задолжени за електронските компоненти. Во последниве децении електронската индустрија во Русија се наоѓаше во стагнација, а сериозното финансирање започна дури во 2011 година. „Овој сателит е животно неопходен за одбраната на Русија денес“, изјави за „Руска реч на македонски“ Михаил Тимошенко. Индиректно ова го потврдуваат и извори од Министерството за одбрана, соопштувајќи дека проектот за Тундра е под лична контрола на Сергеј Шојгу. 

Руската одбранбена индустрија се преориентира
Владата на Русија се разочара од европските санкции, така што воената соработка со земјите од Европа сега веќе не изгледа толку привлечна. Сега рускиот одбранбено-индустриски комплекс (ОПК) се обидува со своја сила да ги реши новонастанатите проблеми.

Карактеристиките на новиот апарат се во согласност со современите мерки за безбедност. Тундра може да предаде информација за определување на веројатно место на напад со балистички и други ракети, вклучително и лансирање од под вода. Исто така, на сателитот е поставен и систем за боево управување. Ова овозможува давање сигнал за нанесување на возвратен удар. Последниот апарат Око-1 престана да работи во април 2014 година, а останатите два 73Д6 кои се на орбитата може да работат само по три часа дневно. 

Основниот систем за предупредување во Русија е надземниот, кој претставува мрежа на радиолокациски станици со далечина од 6 илјади километри. Тие се наоѓаат во Краснодарскиот крај, во Калининградската, Ленинградската и во Иркутската област и во други региони. Космичкиот дел на системот за предупредување од ракетен напад во себе вклучува сателитски групации во геостационарната и во високоелиптичката орбита.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња