Јотафон2. Извор: Press photo
Новиот „руски смартфон“, Јотафон2, кој е единствениот мобилен уред на светот што има два екрана, од кои едниот работи на штедлива електронска хартија, очигледно го очекува успех ако не на светскиот, тогаш барем на кинескиот пазар. Таква рекламна кампања досега немал ниеден уред, вклучувајќи го и iPhone. На изминатиот самит на АТЕС, во почетокот на ноември, претседателот на Русија, Владимир Путин, му врачи примерок од најновиот Јотафон2, кој сè уште не е влезен во продажба, на првиот човек на Кина, Си Ѓинпин. На официјалниот сајт на компанијата-производител на смартфонот, Yota Devices, веќе започна нарачката на уредот во претпродажба. А, официјалната презентација ќе се одржи на 2 декември во Москва.
Денес Јотафон2 не е единствениот интересен руски уред. Постојат и голем број дизајни на полето на преносните уреди. Веројатно поголемиот дел од нив може заедно да се наречат „технолошки пробив“, но соодносот на цената и квалитетот на „руските гаџети“ е сосема заслужен за нивната целосна конкурентност на светскиот пазар. „Руска реч“ ви претставува некои од најперспективните од нив.
RoverPad Air
Извор: Press photo
Говорејќи за перспективните дизајни меѓу руските уреди, не може да не се споменат уредите на компанијата RoverComputers, која речиси дваесет години произведува пренослива техника во Русија. На почетокот на 2014 година компанијата почна да работи на рестартирање на линија свои производи. RoverComputers нуди најразлични уреди – од таблети до видеоуреди.
Особено треба да се истакне таблетот RoverPad Air. Овој уред, опремен со четиријадрен процесор, никого нема да изненади. Не треба да се наречат предност и другите целосно стандардни карактеристики: Bluetooth, GPS и Wi-Fi, десетинчниот дисплеј и двете камери. Но, цената за овие уреди навистина изненадува. Компанијата успева да произведе сосема пристоен таблет на средно ниво, кој е за половина поевтин од уредите слични на него што се произведуваат во светот.
Цена: $110
Смарт-часовник X-Watch
Извор: Press photo
Компанијата teXet можеби не го измисли часовникот, но направи од него нешто за што сите одамна фантазираа. Нивниот нов производ е смарт-часовникот X-Watch, кој помага да се управува со смартфонот. Линијата паметни часовници се состои од три уреди со различен степен на сложеност и употреба.
Наједноставниот модел – TW-120 е опремен со Bluetooth за да информира за сите известувања што смартфонот ги добива по пошта, на социјалните мрежи или по СМС. Притоа, однадвор X-Watch личи на обичен механички часовник. Уредот дури е и заштитен од прав и влага, така што со него може да се туширате.
TW-200 има посложена конструкција и има повеќе функции. На 1.5-инчниот дисплеј се сместени електронски часовник, калкулатор, виртуелна тастатура, сите можни известувања од вашиот смартфон. Во часовникот се вградени звучник и микрофон, така што можете да одговорите на повик без да кренете слушалка.
Најпосле, најпаметниот часовник во оваа линија е TW-300. Ова е целосно самостоен миникомпјутер со двојадрен процесор и 4 гигабајти вградена меморија под раководство на оперативниот систем Android 4.3. Како резултат на тоа, овде има мноштво апликации што се способни да го заменат смартфонот. Иако димензиите на дисплејот, се разбира, го усложнуваат тоа во голема мера.
Цена: $72–123
bb-mobile VOIIS GPS
Извор: Press photo |
На компанијата bb-mobile долго време ѝ одговараше улогата на дистрибутер, но сега и таа произведува преносни уреди под својот бренд. Меѓу стандардните смартфони и таблети во линијата на производство е многу корисниот уред bb-mobile VOIIS GPS. Тоа е телефон што овозможува од далечина да се приспособи апаратот за пациент што се наоѓа на лекување, а му е близок на корисникот. Тој ќе го потсети пациентот за времето за примање на лекарствата, ќе измери и ќе зачува многу медицински параметри на организмот (нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок). SOS-функциите се дополнети со систем за следење на местоположбата на корисникот. Во секој поглед ова е идеален телефон за повозрасни луѓе. Се разбира, слични дизајни веќе постојат на светскиот пазар, но рускиот уред има многу пријатен сооднос меѓу цената и квалитетот, така што тој може целосно да им биде интересен на потрошувачите од странство.
Цена: $77
Highscreen Boost 2
Извор: Press photo
Приказната за руската компанија Highscreen започнува со лаптоп-компјутери и таблети. Од 2009 година, кога компанијата почна да работи на рускиот пазар, па до ден-денес, Highscreen се занимава со напредна технологија. На нивна сметка оди првиот Android-смартфон со два дисплеја на светот (Highscreen PP5420) и првиот Аndroid-смартфон cо QWERTY-тастатура во Русија (Highscreen Zeus). Тогаш компанијата се занимаваше исклучиво со дистрибуција. Но, во 2012 година кај неа се појавија сопствени дизајни што во целост можат да им бидат интересни на купувачите на странскиот пазар.
Минатата година во продажба беше пуштен смартфонот Highscreen Boost 2 со рекорден рок на автономна работа до две недели. Итрината е во тоа што во комплет со уредот одат две заменливи батерии од 3 000 и од 6 000 mAh.
Цена: $275
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче