Извор: ТАСС
Претходната верзија на доктрината од 5 февруари 2010 повеќе не е на сила.
Основна разлика на новата доктрина е проширувањето на бројот на внатрешни и на надворешни закани за сметка на нивно вклучување во составот на дејствија за дестабилизација на социјално-политичката опстановка во земјата, влијанието на информациите врз населението со цел подривање на историските, на духовните и на патриотските традиции во областа на заштитата на татковината, а исто така и поттикнување меѓунационална и меѓурелигиозна нетрпеливост.
Исто така, во делот на надворешните закани за првпат влегоа процеси како што се установување режими во соседните држави чија политика ги загрозува интересите на Русија, како и субверзивни дејствија на странски специјални служби.
Како карактеристична црта на современите воени конфликти во прв ред се забележува комплексната примена на воената сила, политичките, економските, информациските и други мерки од невоен карактер, кои се реализираат со голема промена на протестен потенцијал на населението. Исто така, загриженост кај авторите на новата доктрина предизвика можното користење на политички сили и општествени движења кои управуваат однадвор и кои вршат финансирање.
Освен тоа, во доктрината дополнително се прави акцент на прашањата поврзани со заканите од примена на високотоксично и суперсонично оружје.
Начинот на примена на нуклеарното оружје во новата редакција на доктрината е ист како и претходно.
Оригиналот на lenta.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче