Руската одбранбена индустрија се преориентира

Извор: Владимир Астапкович / ТАСС

Извор: Владимир Астапкович / ТАСС

Владата на Русија се разочара од европските санкции, така што воената соработка со земјите од Европа сега веќе не изгледа толку привлечна. Сега рускиот одбранбено-индустриски комплекс (ОПК) се обидува со своја сила да ги реши новонастанатите проблеми.

Договори 

Министерството за одбрана на Русија во септември изјави дека „не се грижи во врска со санкциите“, истакнувајќи дека санкциите можат да погодат трети земји што купуваат руска техника со користење странски делови. Притоа претседателот Владимир Путин изјави дека „индустријата мора да биде подготвена самата да произведува 'критично' важна опрема, компоненти, материјали, да поседува соодветна производна сила, технологии, проекти и технички резерви“. 

Според податоците на „Рособороноекспорт“ набавката на готовото вооружување од Запад не преминувало 1%, така што прекинувањето нема да нанесе никаква штета на руската одбранбена моќ. 

Четирипати повеќе беспилотни летала
Обемот на испорака на системот за воздушно разузнавање и набљудување „Орлан-10“ за Вооружените сили оваа година одеднаш порасна за четирипати. Приближно таквото темпо на купување на овие летала Министерството за одбрана планира да го задржи и во 2015 година. Со стартна маса од 14-18 килограми „Орлан“ може да носи товар од пет килограми. Исфрлен од монтажен катапулт може да се крене на височина од пет илјади метри, да лета со брзина до 170 километри на час и во режим на реално време да ја пренесува сликата на пултот на операторот.

Со никаков закон санкциите не можат да бидат ретроактивни и не можат да се однесуваат на спогодбите што се веќе склучени. Но, со „Мистралите“ се случи токму тоа. Треба ли да се очекуваат слични потези во однос на договорите со трети земји? Засега не се зборува за тешкотии во реализацијата на овие договори. Да кажеме, може да станува збор за француските термовизорски камери Thales Catherine-FC и Sagem Matiz што се користат во производството на нишанската опрема за руската оклопна техника. Според веќе склучените договори Thales во Русија мора да испорача 33 камера Catherine-FC, од кои 130 камери за руската техника, а 201 за вградување на машините наменети за странските нарачатели. Овие камери одат пред сè за извозната верзија на тенкот Т-90С, кои се продаваат во Алжир и во Индија. Дали овој договор ќе биде исполнет и што ќе се случи по него? Тој се однесува и на електронската опрема за извозните варијанти на авионите Су-300МК и МиГ-29К. 

Русија стопроцентно зависи од увозните гаснотурбински уреди за фрегатите, за корветите и за останатите воени бродови. Денес во НПО „Сатурн“ се развива производство за нивните домашни еквиваленти, а во фабриката „Звезда“ производството на редуктори. 

Може да дојде до проблеми со електрониката за која во Русија само што започна ревитализацијата на производството, но може да дојде и до промена на испорачателите, со оглед на тоа дека западните партнери во Русија никогаш не испорачувале електроника од класата military и space. Ова прашање може да биде решено со трети земји поради соработката на европските компании со овие држави во врска со дополнителното пополнување на руската техника. 

Замена на увозот со домашно производство 

Заменик-министерот за индустрија и трговија Сергеј Циб наведе податоци од анализата на производните гранки кои се најперспективни од гледна точка на замената на увозот. Уделот на увозот во производство на стругови, машини и алати изнесува над 90%, во тешката машиноградба од 60 до 80%, во радиоелектронската индустрија од 80 до 90%. 

Топ 5 руски борбени роботи
Во почетокот на ноември Министерството за одбрана на Русија го утврди концептот за развој на роботехнички системи и нивна примена во воени цели. Според податоците на министерството, роботите ќе почнат активно „да јуришаат“ на армијата веќе во 2017-2018 година, а до 2025 година нивното учество во вооружените сили на Русија ќе изнесува приближно 30% од севкупниот број на воената техника. Сепак борбените роботи веќе „си ставија еполети“: во моментов армијата успешно користи низа машини, а некои модели на техника се тестираат. „Руска реч на македонски“ ги одбра 5-те најперспективни воени роботи со руски дизајн.

Според оценките на Министерството за индустрија и трговија, во случај политиката на замена на увозот да се реализира до 2020 година, од западните испорачатели за „најкритичните“ гранки на индустријата може да се смета на намалување од 70-90% на ниво од 50-60%. Целосна замена на увозот принципиелно не е можно, затоа на Русија ѝ претстои промена на испорачателите, покрај организациите за нови видови производство. 

Прекинувањето на воената соработка со Западот започна уште пред конфликтот во Украина. Воениот ресор во 2012 година не склучуваше нови договори за испорака на важни партии готови европски производи за војската. На законодавно ниво уште во август 2013 година беше забрането користењето машини увезени од странство во случаи кога постои нивен руски еквивалент; беше поставена задача да се ревитализира уништеното советско производство на машини и алатки и количеството руска конкурентска опрема да се доведе до третина од сите потреби за производство. Се работеше и на постепено укинување на ремонтот на бродови во странските бродоградилишта. 

Програмата за замена на увозот што на 25 јули 2014 година беше презентирана од страна на Министерството за индустрија и трговија предвидува увозот да се замени со домашни аналогични производи: најпрво се заменуваат украинските производи, а потоа и производите на останатите испорачатели од земјите што воведуваат санкции против Русија. Се планира проширување на соработката со земјите од Царинската унија – Белорусија и Украина. 

Кина може да стане уште еден партнер на Русија. Пекинг може да биде за Москва најважен испорачател на електронски компоненти, убеден е Владимир Шварјов, заменик-директор на Центарот за анализа на светската трговија со оружје, кој истакна дека вакви преговори веќе се водат. 

Денис Мантуров, министер за индустрија и трговија на РФ смета дека програмата за замена на увозот со домашни производи ќе им овозможи на руските претпријатија да направат дополнителен обем на производство од над 30 милијарди рубли годишно, почнувајќи од 2015 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња