Извор: Ројтерс
Бројот на дела на Врубељ се брои со илјадници, но неговата судбина била решена со само една единствена, онаа која тој ја насликал на Ѕидот во 1990 година – „Бакнежот на Брежнев и Хонекер“ со потпис „Господе! Помогни ми да преживеам во оваа смртна љубов“.
Тоа во голема мера се случило сосема случајно. На Ѕидот во тие денови сликале многумина. Меѓу нив, на пример, светски познатиот американски дизајнер Кит Харинг. Тој ја сликал својата жолто-црна композиција на западната страна, а Врубељ ја сликал својата фреска на источната.
- Ми падна в раце фотографија од „Пари Мач“, - се присетува уметникот. – Ми ја покажа една моја пријателка и јас веднаш сфатив која треба да биде темата. Сите ме прашуваат зошто токму „Бакнежот“ стана универзален симбол и го надмина своето време. Како прво, во сликата станува збор за љубов, и тоа со примеси на еротика. Тоа е сепак бакнеж, сериозен француски бакнеж. Згора на тоа помеѓу мажи. Згора на тоа стари мажи. Односно тоа е веќе симбол на епохата. Како второ: ликовите се препознатливи ликови, шефови на држави. Тоа не е апстракција, тоа се луѓе, кои му се познати на целиот свет. И на крајот, многу големи лица. Фреската е монументална, и во тоа се состои дел од нејзиниот уметнички ефект. Да се претстави „Бакнежот“ во мал развој е невозможно, веднаш сè се губи.
Сиве овие години фреската постојано беше експонирана низ светот и имаше голем успех. Но, таа веднаш не беше широко прифатена. На почетокот Брежнев и Хонкер се чинеа дел од она минато, кое луѓето сакаа што побргу да го заборавот и повеќе никогаш да не се сеќаваат на него. Згора на тоа ѕидот повеќе не е добар носач. Сакаа целосно да ја збришат од лицето на земјата во 1990 и 1991 година. Потоа повторно во 1996 година. Во 2009 година, пак, за време на 20-годишнината од нејзиното паѓање, беше направена реставрација, по што останаа многу малку руини од тоа време.
Денес делови од ѕидот се зачувани во музејот на Нордбанхоф, а во музејот Чекпојнт Чарли се наоѓа копија од фреската напечатена на винил. Уште една копија има и во Лондон, во музејот Мадам Тисо. Фреската на Врубељ е толку многу копирана, што може да се најде во секоја втора продавница за сувенири во Берлин. Веќе пет години уметникот живее во Германија, во самиот центар на престолнината. Кога на бербер или во продавница тој ја дава својата визит-карта со сликата „Бакнеж“, сите се насмевнуваат. „Бакнеж“ предизвикува позитивни емоции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче