Освојувањето на Месечината ќе го намали дефицитот на ретки метали

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Руските научници веќе ја нарекуваат Месечината вселенска истурена караула за летови на другите планети. Меѓутоа, основната цел за освојување на планетата е зголемувањето на обемот на ископување на ретки метали.

Во рамките на Федералната вселенска програма основните активности за освојување на Месечината ќе започнат веќе од 2016 година. Во 2018 година таму ќе биде упатено првото вселенско летало кое ќе испрати на Земјата мраз со елементи од материите на кометите. Се планира лет со екипаж да се реализира во 2030-2031 година. Во иднина се планира ископување на ретки метали кои се неопходни за вискотехнолошките индустрии. 

На Јужниот пол на Месечината ја бараат материјата на кометите 

Во програмата за освојување на Месечината земаат учество научници од РАН, Институтот за вселенски истражувања на МГУ „Штернберг“ и Роскосмос. Првото вселенско летало чие лансирање на планетата е планирано, ќе биде релативно едноставно. Причината, според зборовите на раководителот на одделот за истражувања на Месечината при Институтот „Штернберг“ Владислав Шевченко, е во тоа што руската космонаутика не реализирала слетување на Месечината повеќе од четириесет години. 

„Последното лансирање на леталото „Луна-24“ беше реализирано во 1976 година. Сегашното летало – „Луна-25“ е многу полесно од својот претходник, затоа што неговата задача е да донесе на Земјата мраз од Јужниот пол на Месечината“, изјави Шевченко. Според него,  полот е одбран затоа што токму таму, според податоците на сателитите, има најголема акумулација на замрзнатите во вода испарливи гасови, кои ја претставуваат материјата на кометата. „Тоа ќе биде грандиозен пробив, - смета Шевченко. – Ние ќе можеме да „опипаме“ од што се состојат кометите. Односно за три дена да дојдеме до материи за кои би морале да летаме најмалку четири светлосни години.“ 

Хемискиот состав на кометите до ден-денес останува тајна за научниците. „Кометната прашина“ ја сметаат за еден од сведоците на раѓањето на Соларната планета. Составот на кометите не е сменет последниве 4,5 милијарди години. Согласно постојните модели, во јадрата на замрзнатите гасови се наоѓа смрзната „праисториската материја“ на гасно-правливата магла. Научниците веќе многупати се обидоа да ја одгатнат тајната на материјата на кометите. Во експедиција по материјата првенствено се испраќаа сонди – меѓу нив и познатата американска Stardust, која патуваше седум години и се врати на Земјата во 2006 година. 

Како ќе се развива месечевата инфраструктура? 

Точното место за слетување на вселенското летало сега се бира од страна на научниците, во чии редови, меѓу останатите, се и соработниците на Институтот за биохемија на РАН. Според зборовите на првиот човек на Роскосмос Олег Остапенко, на крајот на идната деценија планирано е да се заврши тестирањето на супертешка лансирна ракета. „Тогаш и ќе започне освојувањето на Месечината во полн размер, забележува Остапенко. – Оформувањето на програмата веќе е практично завршено. Сега е во тек усогласувањето. Кога ќе заврши, ќе ја чекаме одлуката на владата. Тоа треба да се случи, според нашите прогнози, до крајот на 2014 година.“ 

Русите заминуваат на Месечината
Руските чиновници сè поуверено зборуваат дека Месечината станува приоритет за нашата вселенска програма. Сериозно се разгледува изградбата на постојана база на површината на сателитот на Земјата.

Според зборовите на учесниците во програмата, првите активности во изградбата на инфраструктурата, т.е. во изградбата на орбиталната база на Месечината, треба да започнат за околу петнаесет-осумнаесет години. До 2040 година ќе бидат создадени првите станици за слетување на вселенски бродови. И дури кон средината на 2050 години на Месечината ќе се појави целосна научна и рударска база, заедно со опсерваторија. 

На Месечината ќе се поставуваат сончеви електроцентрали и, можно е, генератори на база на нуклеарно гориво, изјави за „Руска реч на македонски“ заменикот генерален директор на „Центар Келдиш" Владимир Кошлаков. „Кон средината на идниот век, односно додека на Месечината се појават постојани бази, кај човештвото ќе се јави потреба од посилни изворни на енергија. И како можна алтернатива на сончевите електроцентрали чие поставување на Месечината се планира сега, можат да станат генераторите на база на нуклеарно гориво. Оваа опција исто така се проучува денес“, изјави Кошлаков. 

Ретки метали: добивка од Месечината 

Руските научници веќе ја нарекуваат Месечината вселенска истурена караула за летови на другите планети. Вредноста на руската програма за освојување на планетата се оценува на неколку десетици милијарди рубли (до 2,5 милијарди долари). „Проектот, се разбира, не е од оние евтините, бара прилично големи ресурси, бара сложени технички решенија“, изјави началникот на дирекцијата за стратешко планирање на Роскосмос, Јуриј Макаров. 

Има ли вода на Марс?
Марсмобилот „Кјуриосити“ е опремен со рускиот уред ДАН („динамичко албедо на неутрони“), кој врши мерења на концентрацијата на водород во почвата. Креаторот на уникатниот руски уред со кој е опремен овој марсовски ровер зборува за особеностите на почвата на Марс и за значајните потраги по вода на Црвената планета.

Од економска гледна точка, поедноставената схема на летање и лансирање која ќе се користи во првите години, според вредноста нема да излегува надвор од рамките на обичните орбитални летови. Згора на тоа, научниците сметаат на добивка. 

„Ние претпоставуваме дека на површината на Месечината има доволно количество рудни карпи со ретки метали, изјави за „Руска реч на македонски“ Шевченко. - На Земјата резервите на истиот Цериум, Лантан, Неодиум, Празеодиум и други метали, кои пред сè се користат во производството на високотехнолошки производи, се исцрпени. Монополист на тој пазар стана Кина“, вели  Шевченко. 

Како што прогнозира Goldman Sachs, во 2015 година цента на кошничката со лесни ретки метали (Лантан, Цериум, Празеодиум, Неодиум, Самариум и Европиум) ќе изнесува 243 долари за килограм, а со тешките (Гадолиниум, Требиум, Диспрозиум и Итриум) – 499 долари за килограм. Според мислењето на аналитичарите, цените само ќе продолжат да растат. Шевченко и други научници гледаат во освојувањето на Месечината решение на проблемот со дефицит на ретките метали. Според нив, испораката од вселената може да се покаже поевтина од ископувањето на металите на Земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња