Раскинувањето на договорот за „Мистралите“ ќе ја чини Франција 3 милијарди евра

Франција ќе треба да исплати сума два и пол пати поголема од вредноста на носачите на хеликоптери.

Одбивањето на Франција да ги испорача носачите на хеликоптери „Мистрал“ на Русија ќе ја чини земјата околу 3 милијарди евра, соопштува францускиот весник La Parisien.

Испорачувачот ќе треба да ја компензира вредноста на договорот (1,2 милијарди евра), како и да исплати по 800 милиони евра по брод.

Првиот носач на хеликоптери „Мистрал“, кој го оси името „Владивосток“, требаше да биде предаден ан Русија на 27 ноември. Сепак, претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека тоа нема да се случи додека не се регулира ситуацијата на истокот на Украина. Предавањето на „Мистрал“ е одложен до „следните информации од француското раководство“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња