Може ли Еболата да се прошири?

Владимир Зинин / ТАСС

Владимир Зинин / ТАСС

Четири основни причини доведоа денес да зборуваме за епидемија на треската Ебола која зазема големи размери.

Четири основни причини доведоа денес да зборуваме за епидемија на треската Ебола која зазема големи размери. Првата е постоење природни жаришта на вирусот на Ебола во Заир и на територијата на Западна Африка, во опсегот на Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне. Втората причина е отсуство на точна научна информација за циркулацијата на вирусот на определени места сè до почетокот на 2014 година. Третата е тешката социјално-економска ситуација на територијата на западноафриканските земји. И четвртата причина се низата локални обичаи кои придонесуваат за ширење на вирусите по пат на контакт. 

Колку овие причини можат да имаат влијание на територијата на Европа и на Руската Федерација? 

Природни резервоари на вирусот на Ебола во Заир се големите лилјаци. Нив не треба да ги мешаме со обичните лилјаци. Големите лилјаци водат дневен живот и се хранат со тропско овошје во шумите на западна Африка. Големите лилјаци ја пренесуваат инфекцијата без симптоми, но го лачат вирусот со биолошки течности, како резултат на што можат да заразат други животни, вклучувајќи го и човекот. Извор на заразата можат да бидат и заболени животни. Треба да се одбележи дека големите лилјаци претставуваат омилена храна на населението од регионот.  

Болеста се пренесува непосредно преку директен контакт со биолошки течности на заболениот човек; вирусот на Ебола не се пренесува преку воздух, како што е грипот, така што ширењето на епидемијата во САД, Европа и во Русија во размерите на западна Африка е невозможно.

Постојат три вида жаришта на епидемија на вирусот. Првиот е шумски вид, кога се заразуваат и умираат цели шумски села. Големите лилјаци ги заразуваат мајмуните или другите диви животни. Ослабените животни стануваат плен на ловџиите кои го носат пленот во селото. Како резултат на тоа епидемијата го зафаќа целото населено место. Во услови на пренатрупаност и на отсуство на правилно лекување, смртноста може да достигне 90%. 

Вториот тип епидемија е селскиот. Однесувањето на големите лилјаци се менува кога плантажите со тропско овошје се приближуваат густо кон шумската зона. Животните започнале да се хранат со овошјето на плантажите, каде исто така можат да остават свои секрети. Нормално дека на овој начин се повеќекратно се зголемува ризикот од заразување. Имено на овој начин, на краиштата на плантажите, најверојатно и се појавил пациентот zero – оној од кого тргнала денешната епидемија. Тоа било двегодишно момче кое починало на 6 декември 2013 година. 

Ширењето на инфекцијата продолжило, така што вирусот зафатил четири града. На тој начин се појавил третиот вид епидемија – градскиот. Болеста се пренесува непосредно преку директен контакт со биолошки течности на заболениот човек; вирусот на Ебола не се пренесува преку воздух, како што е грипот, така што ширењето на епидемијата во САД, Европа и во Русија во размерите на западна Африка е невозможно.

Најголемиот дел од населението на Западна Африка, во буквална смисла на зборот, се дави во „валканиците на сиромаштијата“: огромни купови смет има дури и на главната улица на Конакри (главниот град на Република Гвинеја). По големите улици се протега канализација во која се фрла ѓубре и каде се капат малите деца. Здравствениот систем е некаде на примарната фаза, а санитарно-епидемиолошката контрола, онака како што ние ја разбираме, едноставно отсуствува. 

Во вакви услови не треба да се чудиме што детската смртност изнесува 118 на 1000 население. Впрочем, тука треба да се направат две забелешки: и без вирусот на Ебола во Заир смртноста во овој регион, меѓу кој и на возрасните, повеќекратно ја надминува смртноста од треската Ебола. Претходно за оваа ситуација не беа многу загрижени развиените земји.

Последната причина за порастот на смртноста од треската Ебола беа локалните обичаи. Кај поголемиот дел од населението постои верување дека за време на погребот сите роднини треба да го измијат и да го прегрнат телото на покојникот, оти инаку умрениот ќе дојде по нив. Секако дека секој оној што учествува во обредот може да се зарази, со оглед на тоа дека вирусот се шири по пат на контакт. 

Неукоста на населението исто така придонесува за ширењето на вирусот: на луѓето им е полесно да веруваат во веќе постоечките традиции дека покојникот треба да се бакне пред да биде погребан, одошто во тоа дека тие можат да се заразат со смртоносниот вирус. 

Русија создаде експериментална вакцина против Ебола
Руските научници тестираат експериментална вакцина против Ебола и сметаат дека смртноста од вирусот може да се намали до 5%.

Системот за набљудување на природните жаришта во Руската Федерација работи многу добро, па затоа дури и ако би постоеле жаришта, тогаш тие би се наоѓале под постојана контрола. Во нашата земја постои сосема поинаква социјално-економска ситуација, и постои историска традиција во врска со која во Русија постои одличен систем за осигурување на биолошка безбедност на државата. Во врска со ова слична ситуација во Руската Федерација не може да имаме: дури и ако вирусот биде пренесен на територијата на земјата, тогаш тоа ќе бидат спорадични случаи, кои оперативно ќе бидат пронајдени, стручно ќе бидат идентификувани и ќе бидат локализирани во најкус можен рок.

Но, тука треба да се сфати дека оние мерки на безбедност што сега се преземаат на аеродромите, како што се мерењето температура, испрашувањата и така натаму, се неопходни, но не се доволни за целосно да се исклучи појавувањето на вирусот. Веројатноста поголема од нула останува дури и при најсолидниот режим на проверки на аеродромите. Класичен случај на донесена вирусна инфекција изгледа вака: инфициран човек во инкубационен период – без клиничка слика ја минува границата и заболува на новата територија. Но, уште еднаш подвлекувам дека нашите служби ваквите случаи ги локализираат додека се во самиот зародиш. Во Русија годишно се идентификуваат 100-200 случаи со донесена вирусна инфекција, и сите тие немаат епидемиски последици. Истото се случува и со треската Ебола. 

Авторот е шеф на лабораторијата за екологија на вируси при федералната државна буџетска установа Научно-истражувачки институт за вирусологија „Д.И. Ивановски“ при Министерството за здравство на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња