Press Photo
Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во вторникот (16 септември) на заседанието на колегиумот на воениот ресор изјави дека заострувањето на конфликтот во Украина и зголемувањето на странското воено присуство во пограничните делови доведуваат до неопходност за засилување на одбранбената способност на границата на земјата.
Во Министерството за одбрана засега немаат конкретен број за количеството на руски војници кои ќе бидат префрлени во регионот. „Една од приоритетните задачи на Јужниот воен округ е поставување на целосна и доволна група од војската кон правец на Крим, - изјавува министерот. – Воено-политичката ситуација на југозападниот стратешки правец од почетокот на годинава суштествено се измени“.
Според него, одлуката е поврзана со проширувањето на територијата на Југоисточниот воен округ по влегувањето на Крим во составот на Русија и по заострувањето на ситуацијата на територијата на Украина. „Се зголеми странското воено присуство во непосредна близина на границата со РФ и ваквата ситуација доведе до определени корективи во секојдневната работа на командувањето со округот“, подвлече Шојгу.
Како што забележа официјалниот претставник на НАТО Оана Лунгеску, зголемувањето на воениот контингент на Крим може да му наштети на процесот на мирно регулирање во Украина.
„Слушнавме изјави дека Русија има намера да го зголеми военото присуство на Крим. Ваквиот чекор може само да ја зголеми тензијата и уште повеќе негативно да влијае на примирјето, а исто така и на безбедноста на регионот, која е сериозно нарушена со дејствијата на Русија“, изјави Лунгеску.
Да се заштитат границите на РФ
„Од 1991 година Москва не можеше на Крим да поставува никакви нови вооружувања за засилување на одбранбената способност на полуостровот, така што Црноморската флота се претвораше во ѓубре. Денес имаме задача за целосна модернизација на домашната техника во регионот: испорака на нови дизел-подморници, нови бродови. Исто така Москва планира да префрли ракетни комплекси од видот „Бал“ за заштита на крајбрежјето со крилати ракети“, вели за „Руска реч на македонски“ независниот воен експерт Дмитриј Литовкин.
Слушнавме изјави дека Русија има намера да го зголеми военото присуство на Крим. Ваквиот чекор може само да ја зголеми тензијата и уште повеќе негативно да влијае на примирјето, а исто така и на безбедноста на регионот, која е сериозно нарушена со дејствијата на Русија.
Оана Лунгеску
официјален претставник на НАТО
Како што подвлече експертот, во услови на моменталната политичка конјунктура, кога гледаме директна закана за населението на Крим од страна на Киев, неопходно е да се постави баланс на жива и на техничка сила. „Радата не се откажа од политичкото враќање на полуостровот и за тоа може да се случи некаква провокација со примена на вооружените сили на Украина. Поставувањето на дополнителни делови на Крим исто така ќе биде и заштитна мера од придвижувањето на НАТО кон Истокот и од плановите на алијансата за распоредување дополнителни воени контингенти во Прибалтикот, Полска, во Романија и во Бугарија. Во Брисел треба да сфатат дека Москва задолжително ќе презема дополнителни мерки за осигурување на својата безбедност во вакви услови“, додава Литовкин.
Целесообразноста под знак прашање
Сепак, не сите руски воени специјалисти го делат мислењето за загриженоста на Министерството за одбрана за надворешните закани во јужниот правец.
Воено-морската флота се подновува Системот за морско космичко набљудување „Лијана“е разработен специјално за бродовите на Воено-морската флота, а кои имаат ракетно оружје со далечен дострел. |
„Со кого планира Русија да војува со овие дополнителни воени сили? Ние ја создаваме Северната стратешка команда за заштита од заканите на Арктикот, ненадејни проверки во Источниот воен округ, сега и нова војска на Крим... Според мене ова е многу добар пат да се намали сопствената економија“, вели за „Руска реч на македонски“ претседателот на Институтот за стратешки оценки Александар Коновалов.
Според мислењето на експертот, треба да се направи реалистичка оцена на заканите и денес главната закана не доаѓа од НАТО и од потенцијалните воени бази на алијансата во Источна Европа. „Брисел планира да распореди 3.000 војници во пет земји: тоа е помалку од еден баталјон во една земја и многу тешко дека некој ваков контингент може да се нарече „воена база“. Количеството не е значително и сето ова се прави за смирување на источноевропските земји во врска со заканите од Русија. Од нивна гледна точка, од Русија доаѓа директна закана и постоењето на американски војници претставува најдобра осигурителна полиса од нов кримски експеримент“, претпоставува Коновалов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче