Во приватниот живот на претседателот на Русија Владимир Путин сѐ е во најдобар ред и еден ден веројатно ќе каже нешто повеќе за тоа.
Вака шефот на државата одговори на писмото на една жителка на Санкт Петербург која некаде „читала дека Људмила Александровна (порано Путина) е омажена“ и прашува кога претседателот ќе ја запознае јавноста со новата прва дама.
„Јас и Људмила Александровна се гледаме одвреме-навреме. Не толку често, но се гледаме. Односите ни се многу добри, можеби дури и подобри од порано“, рече Путин. „Кај неа е сѐ во најдобар ред. Друго е она што пишува во весниците. Но таа е задоволна со својот живот. И јас сум задоволен. Сѐ е во најдобар ред“, рече рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче