Извор: Методот за откривање на наркотици и експлозив со помош на ласер може во голема мера да ја зголеми безбедноста на јавните места. Извор: Елена Почетова.
За ова не се потребни никакви дополнителни уреди: доволен е инфрацрвен ласер. „Суштината на новата разработка се состои во тоа што таа овозможува фреквенцијата на зрачењето да се промени во согласност со објектот на анализа, за идентификување на зададените материјали“, изјавил за радиото „Гласот на Русија“ началникот на катедрата за специјални уреди и технологии на државната геодетска академија (СГГА) Валериј Ајрапетјан.
Стручњаците тврдат дека користењето ласерски зраци овозможува откривање дрога на оддалеченост од 10 до 100 метри, а на метан до 10 километри.
Овој ласерски уред има можност за нагодување со што се менува фреквенцијата. Може да се нагоди на фреквенцијата на зададената материја. За време на поклопувањето на резонансните фреквенции, доаѓа до нагло зголемување на сигналот што се прима од предметната материја. За време на порастот на примениот сигнал, дури и на оддалеченост можеме да ја регистрираме, да ја идентификуваме и да ја одредуваме концентрацијата и други параметри на оваа материја.
Доколку, на пример, бараме експлозив, уредот се нагодува на фреквенцијата на експлозивни материи. Доколку материјата ни е позната, можеме да го насочиме ласерот на објект со токму таква фреквенција. Доколку повратниот сигнал содржи иста фреквенција, се заклучува дека објектот содржи експлозив. Истото се случува и со откривањето дрога: „ласерот има можност за нагодување на дијапазон во кој наркотиците имаа интензивна линија на апсорпција“, истакнува научникот.
За време на поклопувањето на резонансните фреквенции, доаѓа до нагло зголемување на сигналот што се прима од предметната материја.
Технологијата има мошне широки можности за примена. Со ласерот можеме да бараме експлозив и наркотици на аеродромите, да ја анализираме концентрацијата на метан во рудниците, да вршиме мониторинг на природната средина, па дури и да вршиме оперативна анализа на крвта за медицински потреби. Ласерот ги идентификува ласерите на оддалеченост од 10 до 100 метри, а на метанот до 10 километри.
Според стручњакот од СГГА, разработката на новосибирските научници веќе се користи во Атина, каде Грците вршат процена на нивото на загаденост на атмосферата. Сега сибирските научници ја усовршуваат методологијата, а исто така бараат инвеститори кои се заинтересирани за индустриско производство на опрема. Предноста на сибирското ноу-хау е во тоа што станува збор за таканаречен бесконтактен начин на барање наркотици и експлозивни средства. Тоа, пак, значително го намалува ризикот за човекот. Освен тоа „чувствителноста“ на овој начин на барање е мошне висока, што овозможува 100-процентен резултат, „без вознемирување на објектот и без промена на состојбата на материјата“, нагласува претставникот на СГГА.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче