По неколку сеанси пациентите кои имаат лесна или средна кусогледост, престануваат да носат очила. Извор: Photoxpress
Намалувањето на видот може да се коригира и без операција. Во Русија започна широко да се применува методот на ваквото лекување. Во ординацијата на офталмологот сега треба да се донесе омилениот игран или анимиран филм. Во низа руски клиники функционира уникатниот комплекс Амблиокор, кој беше разработен од страна на стручњаците од Институтот за големиот мозок.
Во основата на функционирањето на апаратот лежи методот на видеокомпјутерскиот автотренинг. Пациентот го гледа филмот на екранот, додека во исто време со помош на специјални индикатори се снима информацијата за работата на очите. Истовремено се фиксира енцефалограмот на мозокот. Притоа сликата на екранот постои само во време на „правилен“ вид. Таа исчезнувам штом ќе престане да биде јасна. На ваков начин апаратот му помага на мозокот да создаде рефлекс на контрастен вид, вели офталмологот Виталиј Иванов.
Во 80 отсто од случаите ефектот настанува по првиот обид. Останатите 20 отсто од пациентите можат да почувствуваат забележителни промени по втората или по третата сеанса. Човекот постепено учи да вози велосипед. На сличен начин можеме да го тренираме и окото и очните нерви.
По неколку сеанси видот кај речиси сите пациенти значително се подобрува. Пациентите кои имаат лесна или средна кусогледост, престануваат да носат очила. За 15 сеанси кај пациентите со тежок облик на кусогледост видот се подобрува за 2-3 диоптрии, објаснува офталмологот Виталиј Иванов.
Секако, Амблиокор не е панацеја од слаб вид. Ако човек по сеансата на овој комплекс цел ден седи на компјутер, односно ако заборави на химнастиката на очите, видот за брзо време ќе му се намали.
Офталмолозите тврдат дека меѓу селското население има пет пати помалку кусогледи отколку меѓу градското население, зашто тие почесто гледаат во далечина. Затоа лекарите им препорачуваат на градските жители што поретко да гледаат во нешто што е близу. Според податоците на Светската организација за заштита на здравјето, во текот на последниве 15 години, откако се појавија смартфоните, ослабен вид има секој втор жител на планетава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче