Во Москва одржана претпремиера на рускиот анимиран филм „Сава: срцето на воинот”

Главен лик во анимираниот филм е детето Сава со неговите страдања, сомнежи и стравови. Во борбата му помагаат силниот волк Анга, полубогот Фавел и симпатичниот Пусик.

Во Москва беше одржана претпремиерата на анимираниот филм „Сава: срцето на воинот“. Сценарист, режисер и композитор на филмот е Макс Фадеев, кој работеше на проектот 8 години. Основата на сижето е бајка што Фадеев ја напишал за својот син.

Се очекува филмот да постигне значаен успех. Правата за прикажување на анимираниот филм беа откупени од девет земји. Од првите кадри на филмот се гледа дека станува збор за нова приказна на тема фантастика со елементи на акционен филм за гледачи од шест години па нагоре. Дејството се случува во измислен свет на магијата во кој живеат мајмуни, витези на темнината и други чудовишта.

Главен лик во анимираниот филм е детето Сава со неговите страдања, сомнежи и  стравови. Во борбата му помагаат силниот волк Анга, полубогот Фавел и симпатичниот Пусик.

„Најважната мисла во филмот е: ако нешто сакаш од срце, задолжително и ќе го добиеш“, вели авторот на филмот Максим Фадеев. Најважно е што гледачите по филмот ќе помислат дека во животот сѐ уште е можен подвиг.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња