Ван Гог за 200 долари?

Prixel печати во пет до шест слоја според нарачката од интернет-продавницата; оригиналот и копијата не можат да се разликуваат со голо око. Извор: Alamy/Legion Media

Prixel печати во пет до шест слоја според нарачката од интернет-продавницата; оригиналот и копијата не можат да се разликуваат со голо око. Извор: Alamy/Legion Media

Сакате да имате оригинална слика од некој познат сликар? Сега тоа не е проблем. Една руска компанија пронајде начин како да изработи целосно верна репродукција, да кажеме на Ван Гог, за само 200 долари.

Стартап компанијата под назив Prixel разви технологија за печатење копии на слики која во целост ја репродуцира текстурата на сликарските потези со четка. 

Една реплика не чини повеќе од 200 долари, а новата технологија можеби ќе биде корисна и во музејската работа. Fuji поседува слична технологија, но во нивниот случај цената на една слика се искачува и до 33.000 долари.  

Во моментов Prixel е во преговори со Државниот музеј Ермитаж во Санкт Петербург, со цел во музејските продавници да се пласираат копии на пет модели репродукции кои се веќе изработени според сликите.

Важноста на новитетот 

Prixel користи обични ултравиолетови печатачи со широк формат, што им овозможува сериозна заштеда. Програмата на Prixel овозможува не само вчитување на контурите на потезите со четката, туку и на колоритот и на сјајот на сликарската боја. 

Prixel го зачувува информациите за слоевите во датотека за која форматот го имаат самите развиено. 

„Вообичаената репродукција на платната на Ван Гог, секако, ја пренесуваат атмосферата на сликата и општото чувство на уметничкото дело, но таа не ги репродуцира контурите на формите кои настануваат под движењето на четкичката на сликарот, и со тоа е изгубена уникатноста на неговата техника“, вели Љубов Череван, сопственичка на Prixel. 

Како што вели, Ван Гог не ги разводнувал боите туку ги нанесувал директно на платно, па на сликата се гледаат тешки, дебели потези на четката. Новата технологија овозможува целосен пренос на оваа текстура. 

Prixel го печати релјефот во пет до шест слоеви според нарачките од Интернет-продавниците, а оригиналот и копијата не можат да се препознаат со голо око. За вистинските познавачи на уметноста компанијата може да отпечати ЗД копија во 20 слоеви, со попрецизен приказ на деталите за четири до пет пати повисока цена. 

Каде може да се искористи технологијата? 

Руската компанија ја откри својата нова технологија во исто време со предводникот во оваа индустрија Fuji. Јапонската компанија ја тестираше својата технологија минатото лето во соработка со Музејот на Ван Гог во Амстердам. Но, секоја копија на Fuji чини 25.000 евра. 

Згора на тоа, процесот на подготовка на една репродукција е толку сложен што со технологијата на Fuji можат да се отпечатат три репродукции дневно. 

Во моментов Prixel е во преговори со Државниот музеј Ермитаж во Санкт Петербург, со цел во музејските продавници да се пласираат копии на пет модели репродукции кои се веќе изработени според сликите. 

Со оглед на тоа што Ермитаж сè уште не поседува 3Д дигитални копии на своите ремек-дела, основачите на компанијата се надеваат на успешни преговори со управата на музејот во врска со дигитализација на збирката. 

Prixel размислува и за Амазон како потенцијален партнер. Околу 300.000 репродукции се продаваат по пат на Интернет-продажба, а Ван Гог и Пикасо се најпопуларни меѓу авторите. 

Сликите се прикажуваат во 2Д издание на Амазон, додека техниката на овие уметници, според мислењето на компанијата, се идеални за репродукција во 3Д технологија. 

Текстот е за првпат објавен на РБК Daily.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња