Сумарната ефикасност на новиот руски процесор изнесува 50 гигафлопси и отприлика одговара на современите процесори на Интел i3 и i5. Извор: flickr.com/ rcmaclean.
Како што е истакнато на сајтот на МЦСТ, Елбрус-4С е најефикасен микропроцесор кој е направен во Русија. Работниот назив му е Елбрус-2Ѕ. Има четири јадра кои работат на фреквенција од 800 мегахерци, произведен е според 65-нанометарска технологија, а неговата сумарна ефикасност изнесува 50 гигафлопси (50 милијарди операции со придвижен зарез во секунда) и отприлика одговара на современите процесори на Интел i3 и i5.
Новиот процесор е резултат на развојот на претходниот процесот Елбрус-2С+, направен во 2011 година. Како и неговиот претходник, Елбрус-4С е пред сè наменет за примена во воената сфера, каде е неприфатливо користењето на бази склопени од странски електронски компоненти поради можните „вметнувања“. Освен тоа, процесорот ги задоволува потребните критериуми во поглед на работниот дијапазон на температурата и на работниот век. Овие процесори можат да се користат и за научни пресметки и за која било друга работа која изискува високо ниво на заштеда од недозволен пристап. За волја на вистината, МЦСТ не ја исклучува можноста дека компјутерите со новиот процесор ќе ги заинтересира и обичните корисници.
За процесорите што ги произведува МЦСТ направен е посебен оперативен систем Елбрус развиен врз основа на Линукс, со тоа што на компјутерите со процесор Елбрус-4С можат да се кренат и новите верзии на оперативниот систем Виндоус, како и програми што работат на него. Ова е овозможено од хардверската поддршка со бинарна транслација на 64-битен код на процесор Intel/AMD.
Во работата над Елбрус-4С, како и над сервисите и над програмите за него, учествуваа стручњаци од акционерското друштво „Бруков институт за електронски командни уреди“. Елбрус-4С за првпат беше јавно прикажан минатиот месец на изложбата „Нова електроника 2014“. Засега не е познато за кога е планиран почетокот на производство на новите процесори.
Вицепремиерот Дмитриј Рогозин минатиот месец изјави дека усовршувањето на домашната електронска база на компоненти е клучно за реализацијата на државната одбранбена програма, зашто евентуалните санкции од страна на Запад не треба да ја доведе во прашање модернизацијата на вооружените сили на Руската Федерација.
Рускиот текст на порталот на РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче