Како да се стаса до космосот

Студентите признаваат дека програмата за обука во МАИ е многу тешка и дека за да можат да постигнат треба да се потрошат сите сили и време. Извор: ИТАР-ТАСС

Студентите признаваат дека програмата за обука во МАИ е многу тешка и дека за да можат да постигнат треба да се потрошат сите сили и време. Извор: ИТАР-ТАСС

Во Московскиот авијатички институт се подготвуваат не само специјалисти за руските космодроми, туку и за водечките странски компании како што се НАСА, Aerojet, The Boeing Company и др.

Московскиот авијатички институт, кој е основан во 1930 година, е една од најпрестижните високообразовни институции во Русија. Дипломците на Московскиот авијатички институт (МАИ) можат во целост да го организираат процесот на создавање летачки машини: од разработка на конструкција до управување со фабрики и лансирање ракети. Предавањата за студентите тука се мешаат со практични вежби во сопствените конструкторски бироа и лаборатории. А, најдобрите модели се создаваат во експерименталната фабрика на институтот, а потоа се тестираат на сопствениот аеродром. „Институтот претставува аналог на технопарк“, велат професорите на оваа високообразовна институција.

Нуклеарните физичари во СССР
Советските нуклеарни физичари, жителите на затворените градови кои го претворија СССР во суперсила, биле посебна супкултура во која на восхитувачки начин се сплеле херојството стекнато во војната, генијалниот ум, посебната филозофија за слободата и неверојатните успеси во формирањето нов модел на лицејско образование. Тоа што денес повеќе не постои ваква супкултура е една од причините за да се жали за распадот на СССР. Која е причината за нивниот интелектуален успех и дали советскиот модел е применлив и денес?

Секоја година работите на студентите на МАИ можат да се видат на меѓународниот авиокосмички салон „МАКС“, кој се организира во Московската област. На последниот настан гостите, меѓу кој присуствуваа руски и странски експерти, ја видоа мобилната платформа за марсоходите, разработки од сферата на мотори со мала тежа за сателити, а исто така и микросателитот 601-Х-1. 

На работата на студентите особено внимание посветува Министерството за одбрана на Русија. „МАИ има што да покаже и што да му понуди на министерството, - подвлекува ректорот на МАИ Анатолиј Герашченко. – Ние сме насочени на склучување долгорочни договори со државните одбранбени структури“. 

Освен тоа, МАИ соработува и со странски партнери како што се Кинеската академија за космички технологии (CAST), Светската иницијатива за инженерско образование (CDIO), Асоцијацијата на технички универзитети на Русија и Кина. Европската асоцијација на аерокосмички универзитети PEGASUS.

„Заедно со американските партнери беше лансиран сателитот Skipper, со Германците – Inspector 1. За Малезија беше разработен проект за мал апарат за далечинско сондирање на Земјата Mosquito, - набројува Герашченко. – Имаме уште една разработка заедно со научно-производственото претпријатие „С.А. Лавочкин“ и со научно-производственото претпријатие „Даурија“ – меѓународен проект за претскажување на земјотресите Condor-UNAM-MAI“, појаснува ректорот. 

Студентите признаваат дека програмата за обука во институтот е многу тешка и дека за да можат да постигнат треба да се потрошат сите сили и време. „Тука е тешко за студирање. Но, моето цело семејство има завршено на овој факултет. Сите по завршувањето на факултетот најдовме добра работа и воопшто не жалиме што го избравме овој факултет“, вели дипломецот Елена Лебедева. „МАИ е цел еден свет. Никогаш нема да зажалам што поминав 5.5 години, зашто тука имам стекнато многу пријатели“, објаснува Артјом Фадеев. 

Странските студенти исто така имаат можност да студираат на МАИ. Иако поголемиот дел од специјалностите на институтот се „затворени“ (бидејќи на тие факултети се извршуваат работи за одбранбено-индустрискиот комплекс на земјата), факултетот прима студенти од странство. Во институтот имаат студирано студенти од 42 земји. Во моментов во МАИ студираат 1240 странци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња