Нуклеарните физичари во СССР

Советските нуклеарни физичари можеле да се занимаваат со својата опасна професија и во неа да покажат голема креативност благодарение на карактерните црти што се оформиле на фронтовите на Големата татковинска војна. На фотографијата: Андреј Сахаров. Извор: РИА Новости.

Советските нуклеарни физичари можеле да се занимаваат со својата опасна професија и во неа да покажат голема креативност благодарение на карактерните црти што се оформиле на фронтовите на Големата татковинска војна. На фотографијата: Андреј Сахаров. Извор: РИА Новости.

Советските нуклеарни физичари, жителите на затворените градови кои го претворија СССР во суперсила, биле посебна супкултура во која на восхитувачки начин се сплеле херојството стекнато во војната, генијалниот ум, посебната филозофија за слободата и неверојатните успеси во формирањето нов модел на лицејско образование. Тоа што денес повеќе не постои ваква супкултура е една од причините за да се жали за распадот на СССР. Која е причината за нивниот интелектуален успех и дали советскиот модел е применлив и денес?

Супкултура 

За советските научници не може да се каже дека биле популарни и општествено влијателни. Затворените институти во кои работеле и нивните природонаучни интереси не ги правеле предиспонирани и погодни за јавна работа. Луѓето што во СССР се занимавале со врвна наука, кои создале научни школи и посебна супкултура, биле оној креативен слој на советското општество чии резултати нè наведуваат да жалиме поради распадот на Советскиот Сојуз. 

„Сите пионери на науката зад себе го имале искуството од војната. Некои од нив војната ја доживеале како деца, а некои учествувале во Втора светска војна од првиот до последниот ден“, објаснува Андреј Зорин, раководител на Центарот за историско-културни истражувања при Руската академија за национална економија и државна администрација (РАНХиГС) и професор на Универзитетот во Оксфорд. „Она чувство на слобода кое човекот го доживува додека се соочува со голема опасност и кое луѓето од фронтот често го опишуваат, ги следело сиот живот. Многумина велеа дека започнале да се занимаваат со наука зашто по 1945 година вистински предизвик претставувало токму ова подрачје. Тоа беа неистражени полиња во кои државата ги вложи сите расположливи ресурси. Притоа не треба да се заборави дека работата на нуклеарните физичари носи вистински ризик. Тие се наоѓаа во постојана, физичка опасност“. 

Легендите за Бајконур
Сите легендарни вселенски одисеи на Советскиот Сојуз започнуваат од една точка на планетава: од космодромот Бајконур и далечните степи на Казахстан. Местото од каде што полетаа првиот вештачки Земјин сателит, првиот апарат што ѝ се приближи на Месечината и првиот пилотиран орбитален вселенски брод, стана еден од симболите на почетокот на новата, космичка епоха.

Во основата на погледот на светот советските научно-технички елити од повоениот период, која државата ја „мобилизираше“ за работа на полето на науката, која живееше полутајно и овозможи СССР да стане нуклеарна сила, лежеше вредноста на слободата, иако не во нејзиното либерално сфаќање. 

Нобеловци 

Прочуениот добитник на Нобеловата награда Андреј Сахаров како млад научник дошол во истражувачкиот тим на познатиот теориски физичар Игор Там, кого уште при првата средба го импресионирал со својата идеја за тоа дека уранот во реакторите не треба да се распоредува рамномерно, туку во блокови. Тоа бил значаен напредок за нуклеарните физичари од тоа време, а Андреј Сахаров бил вклучен во научно-истражувачката група за развој на термонуклеарно вооружување. Следните дваесет години Андреј Сахаров ги поминал во непрекината работа во услови на најголема тајност, најпрво во Москва, а потоа во специјален научно-истражувачки центар. По своите општествено-политички ставови стана познат подоцна. 

Бројот на научно-технички работници во СССР, ако се пресметуваат и оние што биле ангажирани во образованието и во производството, во седумдесеттите години од минатиот век изнесувал 10 милиони. Во врвната наука, според најоптимистичките проценки, работеле најмногу милион луѓе. На 242 милиони жители тоа и не е толку многу. Освен тоа, контактот на научниците со јавноста бил отежнат со тоа што тие живееле во затворени градови, а нивните проекти се држени во најстрога тајност.

„Кога во 1955 година директорот на тајната Лабораторија 'В' Блохницев на Женевската конференција ја претставил макетата на првата нуклеарна електрана во светот [во Обнинск – заб. ред.] странските стручњаци не биле особено импресионирани од овој проект, зашто нешто слично веќе имале видено во САД“, објаснува Галина Орлова, визитинг-истражувач на РАНХиГС, кораководител на Обнинскиот проект, доцент на катедрата за психологија на личноста на Јужниот федерален универзитет. „Сензација предизвика способноста на Советскиот Сојуз во рекордно краток рок да реализира масовно школување на научни кадри од највисока класа. Еден од членовите на американската делегација во својот извештај има наведено дека 'кај нас во овој момент не постои нешто слично'. Образованието, кое еден од нашите соговорници го нарече 'образование од лицејски тип', имајќи го предвид блискиот контакт помеѓу студентите и професорите, кои во слушалната доаѓаат директно од лабораторија или од терен, беше образование на иднината. Не постоеја фиксирани учебници. Така е создадена суштински неповторлива атмосфера“.

Ултратежок месечински старт
Руската вселенска програма за следниве две децении предвидува фундаментални истражувања во далечниот космос и организација на пилотни експедиции на други планети. Меѓу другото, слични амбициозни проекти е невозможно да се реализираат без разработка и без производство на ултратешки средства за лансирање.

Научниците ги заменија кариеристи 

Со текот на времето е основана официјална научна школа, но истражувачкиот ентузијазам спласна. На научно-истражувачките институти почнаа да се запишуваат оние кои не беа навистина заинтересирани за наука. Особини на овие луѓе се теснотехничкиот поглед на светот, формализмот и кариеризмот.

„Кога денес се поставува прашањето за тоа каде е исчезната таа атмосфера, таа генерација луѓе, треба да се одговори дека во извесна смисла таа не исчезнала“, вели Галина Орлова. „Многумина од нашите соговорници кои се родени во дваесеттите и во триесеттите години од минатиот век и понатаму работат во своите институти. Но, излезе дека работната долговечност има уште една особина – со текот на времето комуникацијата меѓу генерациите се намалува. Со врвната наука во седумдесеттите години од минатиот век во голема мера се занимаваа токму првите поколенија кои беа вклучени во истражувањата“. 

Потомците на „големите научници“ избираат различни животни патишта. Иако, по правило, постарата генерација, која е сосредоточена на постигнување цели, активно влијае на изборот на младината, крајниот резултат не може да се предвиди. Некои од нив остануваат во институтите во кои работеле нивните татковци и дедовци, други, пак, заминуваат во странство. А, внукот на еден од соработниците на Физичко-енергетскиот институт, иако според советот на дедо си се запишал на Московскиот институт за физика, не останал долго таму. Го напуштил институтот, станал готвач и е мошне среќен.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња