Москва повикува итно да се преземат мерки за враќање на улогата на водечко тело на Советот за безбедност на ООН за усогласување на заедничките пристапи во решавањето на меѓународните проблеми, изјави денес министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, соопштува INTERFAX.RU
„Сметаме дека е неопходно итно да се преземат решителни мерки за спас од двојните стандарди во глобалната политика за враќање на улогата на водечко тело на Советот за безбедност за усогласување на колективните пристапи кои се потпираат на почитувањето на културно-цивилизациската разновидност на современиот свет“, рече тој, настапувајќи на министерскиот состанок на Советот за безбедност на ООН во Њујорк.
Според зборовите на рускиот министер, „доколку од страна на сите членки на СБ ООН, а пред сѐ на неговите постојани членки, не биде пројавена соодветна политичка волја, ние ризикуваме да се најдеме на патот за губење на контролата над лостовите за глобално управување“.
„Убедени сме дека дојде времето да се одговори на прашањето: сакаме ли навистина да ги видиме СБ ООН како ефикасен и влијателен инструмент за поддршка на мирот и безбедноста или пак сме спремни да дозволиме тој да се претвори во арена на пропаганден конфликт чиј резултат ќе биде Советот да се исклучува од процесот на барање клучни меѓународни решенија“, потенцираше Лавров.
Рускиот министер потсети дека „до позитивни резултати ќе може да се дојде тогаш, кога членките на Советот ќе ги обединат напорите со цел да дојдат до консолидирани позиции“.
„Токму на таква основа се успеа да се решат основните задачи за уништување на хемиското оружје во Сирија, да се изработат мерки за спротивставување на странските терористи, рече Лавров. – Деновиве по иницијатива на Русија е донесена Резолуцијата 2199 СБ ООН, наменета да го спречи финансирањето на терористичките групации за сметка на приходите од незаконската трговија со нафта.“
Заседанието на СБ ООН, под наслов „Поддршка на меѓународниот мир и безбедност: лекции од историјата, потврда на приврзаноста кон принципите и целите на Повелбата на ООН“ се одржува по иницијатива на Кина, како претседавач со Советот за безбедност.
Сергеј Лавров на маргините на заседанието имаше разговори со министерот за надворешни работи на Кина Ван Ји, со претседателот на 69-та сесија на Генералното собрание на ООН, министерот за надворешни работи на Уганда Сем Кутеса, како и со министрите за надворешни работи на Венецуела, Србиja и Нов Зеланд со кои разговараше за низа меѓународни и регионални прашања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче