Русија и НАТО мораат да договорат заеднички правила за справување со неочекувани воени инциденти за да го намалат ризикот од започнување непланирана војна меѓу Москва и Западот, објави во средата група политичари составена од поранешни министри за надворешни работи и одбрана, пренесува „Ројтерс“.
Поради кризата во Украина, и Русија и НАТО ги интензивираат воените вежби, така што бројот на инциденти во воздухот меѓу соперничките воени авиони бележи пораст.
Тинк-тенкот со седиште во Лондон кој повикува на средба меѓу НАТО и Русија е составен од 14 познати политичари: поранешниот руски министер за надворешни работи Игор Иванов, поранешниот германски министер за одбрана Фолкер Руе и нивни колеги од Велика Британија, Франција, Шпанија и Турција.
Групата изјави дека би требало да се постигне договор, веројатно основан врз сличниот пакт меѓу САД и Кина, кој би направил да се избегнат симулирани напади во близина на воените бродови и авиони на спротивната страна.
Доколку дојде до такви вежби или стрелање со жива муниција, би требало да има навремени предупредувања и договорени радио-фреквенции и знаци за сигнализирање, смета групата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче