Извор: Леонид Каганов
Стотина љубители на роботите кон крајот на минатиот месец се собраа на првиот иркутски фестивал посветен на роботиката „РобоСиб“. Главниот настан на програмата беа тркалезните маси и средбите на учесниците со познатите руски писатели на научна фантастика, кои дојдоа во Иркутск за со младите инженери да позборуваат за тоа на кој начин тие ја замислуваат технолошката иднина.
Без оглед на тоа што е работен ден, во просториите на иркутскиот СибЕкспоЦентар од рано наутро има многу луѓе и е прилично бучно. Мошне е живо, зашто започнува првиот иркутски фестивал на роботиката „РобоСиб“, на кој доаѓаат да се натпреваруваат аматери и конструктори од целиот Сибир.
Последните подготовки пред почетокот се одвиваат со поздравни говори на специјалните гости на настанот – писателите-фантастичари Сергеј Лујаненко, Михаил Успенски и Леонид Каганов. Нивното доаѓање не помалку значајно од самиот фестивал на кој тие учествуваат.
Лукјаненко на младите руски инженери кои се собрани на тркалезната маса им раскажува за тоа како писателите на научната фантастика ги замислувасеат роботите. За време на расправата излегува дека под зборот „робот“ писателите и обичните граѓани подразбираат различни работи.
„Зборувајќи за роботите, писателите-фантастичари пред сѐ се присетуваат на механичките човеколики работници кои ги измисли Карел Чапек“, објаснува Лукјаненко на еден од младите роботичари. „Истовремено современиот робот е нешто поинакво“. А, од гледна точка на писателите-фантастичари најинтересни се човеколиките роботи и целиот комплекс на технички и на етички проблеми кои се поврзани со нив.
Писателот-фантастичар Сергеј Лукјаненко. Извор:
Леонид Каганов
Сепак, без разлика на тоа што значи денес тоа „нешто поинакво“, Лукјаненко е уверен дека човештвото низ современите тесно специјализирани роботски системи на крајот ќе дојде токму до роботот што го имаат измислено писателите-фантастичари: „На крајот ќе дојдеме до човеколикиот робот. И тоа е поради едноставна причина: нашиот свет е создаден за луѓето. Поради тоа само оние роботи што се слични на луѓето, ќе можат да се снајдат во овој свет“.
Но, зошто човекот се обидува да создаде совршена машина која е слична на него, ако самиот тој не е совршен? На ова прашање Лукјаненко одговара филозофски: роботот, во најмала рака, е една од можностите со чија помош човекот може отстрана да погледне на себе.
![]() |
Познатиот руски писател-фантастичар Сергеј Лукјаненко ќе го посети Првиот Иркутски фестивал на роботехника „РобоСиб“, со цел со учесниците да разговара за технолошката иднина на Русија. |
„Создавањето робот е обид да се надмине Господ или барем да се досегне до идејата да се создаде нешто разумно“, вели писателот, чиј глас, пуштен преку микрофонот, е сличен на оној на телефонска секретарка. „И додека не создадеме вештачки разум, кој порано или подоцна ќе биде создаден, за човештвото тоа ќе биде една од неговите задачи“.
На максимално апстрактно ниво сѐ изгледа логично и разбирливо во врска со роботските задачи. Не е јасна само една работа: како научната фантастика на тој пат може да му помогне на човештвото?
„Основна задача на фантастиката е да пронаоѓа патишта по кои ќе можат да одат луѓето“, одговара Лукјаненко. Тој смета дека ниту еден писател-фантастичар нема да може да каже како правилно се прават роботите, но може да каже за што се потребни тие. За тоа не постои никаков сомнеж. Како ни во тоа дека ќе ги консултираат оние деца кои денес во иркутскиот павилјон ги пуштаат своите први механички производи.
„Тука гледам современи деца и сфаќам дека не сум имал детство“, се шегува Леонид Каганов. На неговото лице се оцртува малку тажна насмевка на писател-сатиричар. „Единствено нешто што имав беа книжевните илузии во облик на железен човек со светилка наместо нос и некакви едноставни инсталации, направени на радиотехничките секции, кои всушност ништо не можеа да направат. Се сеќава дека во неговото детство постоеле два света: фантастичен и реален. Цело време овие две линии оделе паралелно, една покрај друга. А, денес конечно се сретнаа.
„По образование сум роботичар“, признава Каганов. „Во слободно време, во вечерните часови, направив робот со кој може да се разговара. На микрофонот му кажуваш некое име или поим, а тој, како одговор, ти чита цел пасус за тоа од Интернет-енциклопедија“.
Писателот Михаил Успенски. Извор: Леонид Каганов
„Зошто ни се потребни роботите? Роботот, пред сѐ, е помошник кој наместо човекот ја извршува работата“, тврди Михаил Успенски. „Роботот е и бранител. Барем таков беше еден од првите роботи кој беше опишан во книжевноста“.
Фактите зборуваат во прилог на овие зборови. Пред само неколку години роботите му помагаа на човекот само во воената и во индустриската сфера. Дури во последниве неколку години почнаа да се појавуваат секојдневните роботи, роботите во медицината, роботи-играчки, превозни роботи... Но, векторот на развојот на роботиката до денес го одредува воената сфера. Од оваа сфера најновите откритија се шират понатаму. Да кажеме, екзоскелетонот: тој најпрво беше создаден за потребите на војската, а денес ја олеснува работата во фабриките за автомобили.
Но, дали роботите се во состојба сосема да го заменат човекот? И треба ли да се плашиме од тоа? Судејќи според проблематиката на творештвото на писателите-фантастичари, навистина постојат многу работи од кои треба да се плашиме. Сепак и во врска со ова прашање постојат различни мислења. Успенски не се сложува со своите колеги. „Не мислам дека тоа претставува толку голема опасност како што се мисли. До неодамна нѐ плашеа со клонови. Највнимателните држави дури и го забранија клонирањето. И каде се денес тие клонови?“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче