Медиуми: Путин му нудел на Берлускони министерско место

Поранешниот премиер на Италија изјави дека Владимир Путин му го ветил местото министер за економија на РФ доколку овој одлучи да се пресели во Русија, пишува „Ла Стампа“.

Владимир Путин е подготвен да му го даде на поранешниот премиер на Италија местото министер за економија на Русија, изјавил Берлускони на состанокот на пратениците на партијата „Форца Италија“, пишува италијанска „Ла Стампа“.

Изданието наведува дека овојпат е малку веројатно дека станува збор за шега, какви што Берлускони често кажува. Како што пишува весникот, поранешниот шеф на италијанската влада бил нерасположен и се жалел на моменталната ситуација. „Само помислете дека во Италија ме ставаат на маргините, додека во исто време Путин ми нуди руско државјанство и место министер за економија на Русија“, истакнал Берлускони.  

Тој додал дека спрема него во неговата татковина се однесуваат како спрема злосторник, додека во Русија се подготени да го дочекаат со раширени раце. Изданието потсетува дека Силвио Берлускони и понатаму е под истрага, како и дека е „лишен од политичко значење и дека со копнеж гледа на доброволно прогонство во поранешниот Советски сојуз кај пријателот Путин“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња