Федералната служба за безбедност на Русија изјави дека во Псковската област е задржан граѓанин на Естонија, за кој се сомнева дека извршувал шпионска активност.
„Задржаниот граѓанин на Естонија е соработник на одделот за безбедност на Естонија. Неговото име е Естон Кохвер“, се кажува во соопштението на ФСБ, пренесува РИА „Новости“.
Во ФСБ изјавуваат дека кај задржаниот граѓанин на Естонија е запленета „специјална техника за снимање разговори, како и материјали кои имаат разузнавачки карактер“. Освен тоа, кај него е откриен и пиштол „Таурус“ со муниција и 5.000 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче