Извор: NASA/JPL-Caltech
Американскиот носач „Атлас 5“ заедно со рускиот мотор РД-180, би требале во септември 2016 година да исправат апарат на астероидот Бену. По две години, апаратот OSIRIS-Rex (Origins Spectral Interpretation Resource Identification Security Regolith Explorer) ќе му се приближи на астероидот на оддалеченост од 500 метри и ќе започне да кружи околу него во потрага по погодно место за земање мостра. Потоа OSIRIS-Rex ќе зарине под површината на Бену, ќе земе помеѓу 60 грама и 2 килограми од почвата и ќе се врати на Земјата. Дури во 2023 година капсулата со мострата ќе влезе во Земјината атмосфера и ќе се спушти на неа.
„
Бену се наоѓа на списокот на потенцијално опасни небесни тела и постојат мали шанси за негово судрување со Земјата за 169 години.
Целта на мисијата е да се проучи хемискиот состав на астероидот. Астероидот е определен вид „временска машина“ кој има сочувано древни органски и други материи од раниот Сончев систем. Постои и уште една задача – да се оцени исплатливоста на експлоатацијата на метали од астероидот – злато, родиум и платина. OSIRIS-Rex исто така ќе ги разјасни бавните промени во орбитата на Бену под влијание на „ефектот на Јарковски“, односно на силата од сто грама која делува на астероидот во неговото нерамномерно загревање од Сонцето при ротацијата. Зошто е важно ова? Бену се наоѓа на списокот на потенцијално опасни небесни тела и постојат мали шанси за негово судрување со Земјата за 169 години.
Летот на OSIRIS-Rex е логичен чекор во истражувањето на соларниот систем, смета извршниот директор на вселенското одделение на фондот „Сколково“, космонаутот Сергеј Жуков:
- Никогаш нема да успееме да го истражиме Сончевиот систем ако „се вртиме“ околу Земјата. Правилната стратегија е комбинација на мисија со човечки екипаж и без него, и проучување на резултатот. Летот на космонаутите треба да го следи беспилотно летало. Најпрво се проучува небесното тело, потоа се инсталираат уредите, а дури потоа доаѓаат астронаутите.
„
Постои и идеја астероидот да се донесе и во Месечевата орбита, а потоа, како што предложи американскиот претседател, таму да се испрати вселенски брод со посада.
Во последниве неколку години, се појавија многу астероидни проекти. Постојат предлози астероидите индустриски да се освојуваат или да се уништуваат во облак од прав, за со тоа да се блокира сончевата светлина и да се забави глобалното затоплување. Постои и идеја астероидот да се донесе и во Месечевата орбита (исто така со помош на ракетата „Атлас 5“ со РД-180), а потоа, како што предложи американскиот претседател, таму да се испрати вселенски брод со посада. Но, соодветно небесно тело за овој проект сè уште не е пронајдено, а во Конгресот на САД има многу противници на овие планови, па и нити во НАСА не постои консензус за тоа, вели уредникот на списанието „Новости од космонаутиката“, Игор Афансјев:
- Ова е предлог за пренасочување на моменталната програма на НАСА со човечки екипаж. Целта на оваа програма сè уште не е определена. Но, една од предложените цели е донесување на астероидот и експедиција на него. НАСА е во големи превирања зашто станува збор за мошне комплексна задача.
Успехот на мисијата ОСИРИС може да ги измени плановите на НАСА, сметаат стручњаците.
Замислената испорака на астероиден материјал на Земјата не е прв од ваков вид. Во 2010 година една капсула се врати на Земјата со неколку стотици честици од прав собрани со јапонскиот уред „Хајабуса“ од површината на малото небесно тело Итокава. Сега Јапонците во 2014 година планираат да ја испратат модернизираната станица „Хајабуса-2“ на друг астероид. Времето ќе покаже чиј проект ќе биде поуспешен, и за кого е подобро да зема мостри – на луѓето што ги ризикуваат своите живото или на уредите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче