Познато е дека како основа за кинескиот вселенски брод „Шенжоу“ послужил советскиот брод „Сојуз“. но, кинеското летало доживеа огромни измени и значајни подобрувања. На фотографијата: лансирање на „Сојуз“ од космодромот „Бајконур“, 26 септември 2013 година. Извор: АР
Според официјалната светска статистика, во 2012 година во Земјината орбита се лансирани 24 сателити за далечинско снимање на Земјата од страна на 13 држави и организации. Кина со 8 сателити за далечинска детекција по четврти пат е водечка земја од 2007 година. Во тој поглед во значителна мера ја надминала Русија, која има лансирано 3 сателити.
Од друга страна, Русија планира до 2020 година да ги обезбеди сите видови далечинско снимање – радарско, оптичко итн. – и да престане со купување податоци од странските сателити. Според зборовите на советникот на раководителот на Федералната космичка агенција на РФ („Роскосмос“) Валерија Заичка, предвидено е за овие потреби бројот на сателитите за далечинска детекција нагло да се зголеми – од 4 на 26 апарати. Се очекува дека уделот на руските сателити на овој пазар на услуги би можел да се зголеми од 25% на 80%.
„
Во Кина речиси сè е подготвено за лансирање на првата сонда за приземјување на површината на Месечината, а постои план и до 2020 година на природниот сателит на Земјата да се испрати голема човечка експедиција.
Наведените податоци сепак претставуваат само еден сегмент од вселенската индустрија. Покрај тоа, тука е уште и вселенската програма со човечка посада, каде водечката улога на Русија во низа години тешко може да се оспори. Но, денес фактите зборуваат нешто сосема друго.
Прв факт: Кина патот од првиот лет во вселената со човечки екипаж до работата на космонаутите во орбитата го помина за една година побрзо од Советскиот Сојуз. Првиот советски екипаж се насели на станицата „Саљут-1“ во 1971 година, 10 години по летот на Гагарин, „тајонаутите“ (кин. Космонаути) стасаа на првата кинеска орбитална станица „Тхангонг-1“ во 2012 година – 9 години откако за првпат во кинеската историја полета Јанг Ливеј.
Втор факт: Познато е дека како основа за кинескиот вселенски брод „Шенжоу“ послужил советскиот брод „Сојуз“. но, кинеското летало доживеа огромни измени и значајни подобрувања, така што сосема е умесно да се зборува за донекаде самостоен кинески концепт за пилотиран вселенски брод. Со планот е предвидено раздвојување во орбитата: еден сегмент со „тајконаути“ треба да се врати на Земјата, додека другиот да остане во вселената за да работи како автоматизирана лабораторија. Некои од предностите на „копијата“ во однос на „оригиналот“ се поголемите енергетски капацитети и многу поголемиот внатрешен простор на кинескиот брод.
„
Кина оствари 14.2% од вкупните светски вложувања во истражувања и во експериментално-конструкторски активности. Според ова заостанува само зад САД, чиј удел е 31.1% и зад ЕУ со удел од 24.1%, но е значително пред Русија со нејзините скромни 1.9%.
Трет факт: Долготрајните орбитални системи (ДОС) се, без сомнеж, гордост на руската пилотирана космонаутика. Сепак, добар дел од Меѓународната вселенска станица е изграден со помош на американски спејсшатели, со тоа што рускиот сегмент на станицата сè уште не е во целост развиен, а новите руски орбитални системи засега се само во најава. Секако кога се зборува за ДОС со квантитативни жители, Кина засега е далеку од Русија, но квантитетот, како и искуството, доаѓаат со тек на време. Кина до 202 година планира во ниската Земјина орбита да го склопи тримодуларниот ДОС „Тјангонг-3“ со маса од околу 60 тони.
Она што е особено важно е прашањето на напредни технологии, чија улога во вселенската индустрија на двете земји е од клучно значење. Како што на почетокот од октомври соопшти официјалниот кинески весник „Женмин жибао“ („Народен дневен весник“), „Кина денес е на трето место во светот според вкупниот обем на инвестиции во истражувањата и во технолошкиот развој, и постепено го намалува заостанувањето зад развиените земји, сè повеќе зајакнувајќи ја својата позиција на моќна сила во областа на науката и на современата технологија“.Кина оствари 14.2% од вкупните светски вложувања во истражувања и во експериментално-конструкторски активности. Според ова заостанува само зад САД, чиј удел е 31.1% и зад ЕУ со удел од 24.1%, но е значително пред Русија со нејзините скромни 1.9%.
Кинеското раководство е цврсто решено земјата да се ослободи од улогата на светски „погон за склопување“, со цел да се претвори во светски центар на високотехнолошки развој и производство. Некои од соседните земји веќе е жалат поради сè позачестените заминувања на нивните стручњаци во Кина. Ова особено го истакнуваат јапонските официјални лица.
Каква е состојбата на Русија по ова прашање? Според зборовите на првата потпретседателка на Рускиот клуб на финансиски директори Тамара Касјанова, главниот проблем на руските научници е тоа што ги немаат сите потребни услови, меѓу другото и финансиски средства. Од друга страна, дописниот член на Руската академија за космонаутика Јуриј Карап истакнува дека „руските инженери и конструктори се способни на иновативен начин да ги решат и најамбициозните задачи во 'далечниот' космос кои би можеле да се појават во современата наука и технологија“.
Времето не може да се запре. Кинеската вселенска индустрија денес квалитативно е речиси еднаква на руската, но во поглед на квантитетот сè уште доста заостанува. Но, решеноста да се преземе водството во вселената и во ускладената современа научно-техничка политика наскоро ќе ѝ овозможи на кина да го надмине овој јаз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче