Радиоастрон го открива тајните на меѓузвездениот простор

Макета на сателитот Спектар-Р, составен дел од системот Радиоастрон. Фотографија од слободни извори.

Макета на сателитот Спектар-Р, составен дел од системот Радиоастрон. Фотографија од слободни извори.

Сумирајќи ги резултатите на работата на рускиот орбитален радиотелескопски систем Радиоастрон, научниците од Институтот за вселенски истражувања при РАН ги претставија резултатите за определувањето на својствата на површинскиот сјај на јадрата на активните галаксии и едно неочекувано откритие поврзано со исклучителноста на меѓуѕвездената средина која никогаш досега не била забележана.

На Институтот за вселенски истражувања при Руската академија на науките (ИКИ РАН) и оваа година беше одржан Ден на вселенската наука. Најважниот дел на годинашнава програма беше објавувањето на најновите резултати од вселенскиот експеримент Радиоастрон, првата и најголема руска вселенска мисија во последниве неколку децении. Резултатите од мисијата ги претстави раководителот на лабораторијата при Астрокосмичкиот центар на Физичкиот институт „П.Н. Лебедев“ при Руската академија на науките (АКЦ ФИАН), докторот по физико-математички науки Јуриј Коваљов.

Пушчинската и американската опсерваторија денес покриваат 85 отсто од орбитата на телескопот, со што го достигнавме врвот на наште можности.

Јуриј Коваљов, доктор по физико-математички науки

Коваљов објаснува дека еден од главните настани во последнава година било трајното поврзување на вториот радиотелескоп – американскиот Грин Бенк – во системот на надземниот крак на радиоинтерфометарот.

„Пушчинската и американската опсерваторија денес покриваат 85 отсто од орбитата на телескопот, со што го достигнавме врвот на наште можности“, вели Коваљов. Точно е и тоа дека денес оваа опсерваторија е исклучена поради проблемите на усвојување на пресметките во САД, додава тој.

Една од главните задачи на Радиоастрон беше определување на својствата на површинскиот сјај на јадрото на активните галаксии. Според теоретските предвидувања. Сјајноста на јадрото на квазар не би требало да надминува 10¹² Келвини. Но, со набљудувањето на некои активни јадра, забележано е пречекорување на овој теориски праг: сјајноста достигнувала 10¹³ Келвини. Коваљов вели дека за тоа нема јасно објаснување, па научниците во моментов разгледуваат неколку можни причини за ваквото пречекорување.

Следејќи го одекот на пулсарот Вела, научниците веднаш забележале чудна иглеста структура на интерференциските слики.

Со истражувањата со помош на Радиоастрон е дојдено до едно неочекувано откритие, а тоа се особеностите на меѓуѕвездената средина кои никогаш досега не биле забележани. Овој феномен е откриен со набљудување пулсари – неутронски ѕвезди со магнетно поле. Според Коваљов, следејќи го одекот на пулсарот Вела, научниците веднаш забележале чудна иглеста структура на интерференциските слики.

„Одекот на овој пулсар личеше на игли, како поединечни шилци. Сите само ги кренаа рамената, зашто тоа е целосни во спротивност со нашата претстава за природата на меѓуѕвездената средина“, истакнува Коваљов.

Научниците претпоставуваат дека причина за ова би можеле да бидат своевидни турбулентни набои кои како леќи го фокусираат одразот на пулсарот во однос на тоа како светлината од тие оддалечени објекти се движи кон Земјата.

Минатото лето беше завршен таканаречената научна програма на мисијата, а сега започна клучната научна програма. „Во светов нема повеќе од 400 радиоастрономи кои работат во подрачјето на долгобазната интерферометрија (VLBI). А, повеќето од поливаната од нив работат со нас, што ни е многу драго“, вели Коваљов.

На натпреварот беа одбрани седум проекти за работа во клучната научна програма, а во половината од овие пријави водечка улога имаат руските кандидати.

Една од седумте програми – Набљудување на радиотранзиентите – според која во следниве месеци треба да работи Радиоастрон, ни ја претстави соработникот на овој проект Кирил Соколовски, дипломец на Факултетот за физика (оддел за астрономија) на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“.

„Радиотранзиенти – тоа е широк поим: сè што создава блесок во радиодијапазонот може да се нарекува така. Подрачјето на моите интереси е набљудување на објектите како што се класичните нови ѕвезди, суперновите ѕвезди, микроквазарите и рендгенските бинарни ѕвезди, кај кои под определени услови може да дојде до радиозрачење. Иако сите тие се различни објекти, сепак можеме да ја процениме температурата на нивната осветленост и да ги разбереме механизмите на нивното зрачење“, објаснува Соколовски.

Според него, самата програма се разликува од останатите по тоа што подразбира насочување на телескопот не кон познати објекти, туку кон оние кај кои неодамна се појавил блесок. „Според нашата стратегија на набљудување, штом се појават информации за некој интересен објект (а тоа можат да бидат податоци и на други научни групи што се занимаваат со истражување во радиодијапазонот или на пример во гамите на зраците), ние можеме да го следиме. Сепак, ваквите настани кои можеме да ги набљудуваме преку Радиоастрон се мошне ретки“, додава Соколовски.

 

Рускиот текст на сајтот на Gazeta.ru

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.