Производството на Лактокор може да помогне во намалување на аутизмот и шизофренијата кај новороденчињата. Извор: Photoshot / Vostock Photo
Идејата за вештачко производство на посебната компонента (пептид) од млекото за доење, која одговара за нормалниот развој на нервниот систем кај децата е производ на децениските истражувања на Биолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет, на низа институти на Руската академија за медицински науки и на претприемчивоста на студентот Антон Малишев.
Во 2011 година на Малишев, млад научник и дипломец на Биолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, на ум му паднала идејата да започне со комерцијализација на истражувањата на својот ментор, професорот Вјачеслав Дубинин. Така се појави стартапот Лактокор.
„Лакто значи млеко, а кор – нервен систем“, појаснува Антон.
Најсложена задача беше да се најде компанија која би се согласила да ја смени својата рецептура поради нов производ. „Проблемот на нашиот пазар се огледа во тоа што крупните играчи, како што е Нестле, се претставени само со маркетинг и со дистрибуција. А, прашањето за дополнителни состојки мошне често се решаваат во одделите за разработка во Швајцарија. До нив, пак, е мошне тешко да се дојде, а и целата сертификација треба да се прави одново за Запад“, вели Антон.
Како резултат на сето ова, на крајот успеал да најде партнер во Русија. Крупниот производител на млечни производи во Омск се согласиле да работат заедно, и на крајот од 2013 година партнерите планираат на рускиот пазар да ја пласираат првата партија на производите со Лактокор. Освен тоа, големо партнерство се подготвува во Белорусија: по државната регистрација на компонентата Лактокор, компанијата ќе започне со заедничка работа со еден од најголемите производители на детска храна во Белорусија.
![]() |
Момчето што не може да не го сакате |
Од почетокот на проектот во 2011 година на овој стартап му успеало по пат на грантови да привлече седумдесет илјади американски долари. Ова е доволно за тековните расходи за истражувањата и за плати за соработниците, но не е доволно за почеток на меѓународна експанзија. Сега проектот бара глобални партнери и 1.6 милијарди американски долари за готов производ, за патентирање и за реализација на маркетиншката стратегија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче