Максим Кузјук: Сега реализираме низа проекти кои ќе ни овозможат постепено да се интегрираме во авионската индустрија и да станеме партнери на водечките светски компании. Извор: Прес-служба на холдингот „Авио-опрема“.
Генералниот директор на холдингот „Авио-опрема“ („Авиационное оборудование“) Максим Кузјук во интервју за „Руска реч на македонски“ зборува на успесите на руската авионска индустрија и за најперспективните проекти на оваа компанија кои на Русија ќе ѝ обезбедат место меѓу најголемите светски производители на авио-опрема.
Кои нови производи холдингот „Авио-опрема“ ги претстави на годинашнава меѓународна авиоизложба МАКС? Дали се потпишани некои значајни договори?
Максим Кузјук: На авиоизложбата се претставивме со низа нови проекти, меѓу кои се и трапот за тешки воени транспортни авиони Ил-76МД-90А и главниот трап за перспективните хеликоптери Ка-62. Вториов е посебен по тоа што во еден склоп се интегрирани амортизерот и механизмот за вовлекување на тркалата. И покрај сложената конструкција, ваквиот комбиниран склоп има мал габарит, што повеќекратно ги намалува трошоците за техничко одржување на руските и на странските авиони и хеликоптери.
Секако, за нас од клучно значење беше бизнис-програмата на изложбата. Веќе на првите денови од МАКС потпишавме низа важни спогодби, на пример меморандумот со Боинг кој предвидува формирање работна група за подготовка на планот за организирање производство за елементи на трупови. Третата страна беше корпорацијата UTС Aerospace Systems кој склопува трапови за Боинг.
Македонија на МАКС-2013 |
Во рамките на авиоизложбата склучивме долгорочен договор со компанијата-ќерка на Обединетите корпорации за производство на авиони „ОАК Транспортни авиони“ за испорака на авионска опрема за Ил-76МД-90А до 2020 година.
Освен МАКС нашиот холдинг традиционално учествува на најголемата московска изложба на хеликоптерска техника HeliRussia, на меѓународната француска авиоизложба во Бурже и на меѓународната изложба за вооружување, воена техника и муниција, Russia Arms EXPO.
Што може да се каже за меѓународната соработка што ја остварува холдингот?
М.К.: Еден од главните стратешки партнери на холдингот е Боинг, со кого во октомври минатата година потпишавме спогодба за соработка во организирањето центар за сервисирање авиони, дистрибуција на авионски делови и непрекинато материјално-техничко опслужување на руските авионски компании. Во март 2013 година во Москва успешно го отворивме Авијацискиот сервисен центар, кој е прв од ваков вид во Русија, а планираме да отвориме слични центри и во регионите. Во следниот период ќе создадеме комплексен систем за одржување на испорачаните производи за странските и за домашните летала од новата генерација.
Ростех ја проширува меѓународната соработка |
Исто така, оваа година заедно со американската компанија Curtiss-Wright Controls го покренавме проектот за развој на иновациски систем за противпожарна заштита. Ние ќе ги проектираме и ќе ги произведуваме основните делови на тој систем. Тој ќе биде значително полесен заради конструкцијата на новиот блок и заради олеснетите апарати за гаснење пожар, а и цената ќе му биде пристапна. Противпожарниот систем ќе го пласираме на пазарите во Русија, во Заедницата на независни држави, САД и во Европа.
Како ја оценувате позицијата на Русија на светскиот пазар за авио-опрема? Каква е нејзината динамика во последниве години и какви се перспективите?
М.К.: Холдингот „Авио-опрема“ е во состав на Државната корпорација „Ростех“ и опфаќа 35 претпријатија од цела Русија. Претпријатијата на нашиот холдинг ја остваруваат својата основна дејност во областа на развојот, производството и одржувањето на системи и конструкции за летала.
Порано овие претпријатија главно работеа независно едно од друго и секое имаше сопствена стратегија за развој, што го забавуваше развојот на целиот сектор. Меѓутоа, во 2009 година руските производители на конструкции за летала се обединија во холдингот „Авио-опрема“, и тогаш, заедно со „Ростех“, започнавме да реализираме иновациска политика на развој на овој индустриски сектор.
Во земјава „Авио-опрема“ има стабилни позиции и опфаќа 50% од рускиот пазар за авијациски системи и конструкции за перспективните руски авиони и хеликоптери, но наша приоритетна задача е да излеземе на меѓународните пазари. Сега реализираме низа проекти кои ќе ни овозможат постепено да се интегрираме во авионската индустрија и да станеме партнери на водечките светски компании. Планираме низа активности, вклучувајќи и сертифицирање според меѓународните стандарди, модернизација и воведување современ систем за производство, како и развој на нови производи во соработка со меѓународните партнери.
Полиетиленски оклоп против боевите ласери |
Еден од нашите успешни проекти се реализира во самарската фабрика „Авиоагрегат“. Таа кон крајот на 2012 година доби сертификат кој потврдува дека системот за контрола на квалитетот на производот одговара на меѓународниот аерокосмички стандард AS/EN 9100. Овој сертификат ѝ дава право да продава свои производи на странски нарачатели како што се Боинг, Бомбардије, Ембраер и Гудрич.
Од останатите првостепени задачи кои стојат пред „Авио-опрема“ треба да се споменат преминот од проектирање на одделни компоненти на развој на цели и заокружени системи: трапови, електрично напојување, хидраулика и регулатор за кислород.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче