Новиот уред сè уште ги нема поминато претклиничките и клиничките испитувања, но научниците веќе освоија признанија на многу конкурси за бинис-проекти. Извор: Getty Images / Fotobank.
Во светот секоја година се дијагностицираат 12 милиони нови случаи на зболување од рак, а она што е поразувачко е фактот дека во време на напредни технологии ова и понатаму е една од најтешките болести за лекување. Новиот уред кој го развија младите руски научници би требало да им помогне на болните полесно да ја поднесат хемотерапијата: со него се зема крвта на пациентот, во еретроцитите се внесува лекот и се враќа назад во телото.
Еден од основните начини на лекување на ракот е хемотерапијата, која болните во сегашниот нејзин облик тешко ја поднесуваат, а неретко се случува и таа да остави сериозни последици по нивното здравје. Младите руски научници од компанијата „ИнЕрФарм“ вложуваат напори за да остварат значаен напредов во оваа област: нивниот уред „CytoDel“ треба да ја намали токсичноста на лековите и да го зајакне терапевтскиот ефект од лекувањето.
„
Компанијата „ИнЕрФарм“ („ИнЭрФарм“) може да се нарече мошне млада со оглед дека е основана на 9 јануари 2012 година, а со својата основна работа започна да се занимава дури во мај годинава. Тимот е составен од шест дипломци од московските универзитети под раководство на професорот Фазоил Атаулаханов. Компанијата „ИнЕрФарм“ планира наскоро да поднесе барање и да стане резидент на „Сколково“.
„‘CytoDel’ е уред кој зема крв од организмот од која се издвојуваат еретроцитите и во нив се воведува антитуморозен лек, а потоа крвта повторно ја враќа во крвотокот. Со други зборови, црвените крвни зрнца се користат како носители не лековите“, објаснува директорот на компанијата, биофизичарот Николај Иванов.
Процедурата трае час и половина, по што во крвта на пациентот преку катетер се враќа неговата сопствена крв со еретроцитите што содржат лек. Еретроцитите го ослободуваат лекот во подолг период со што се избегнуваат високите дози на препаратот и одржувањето на неговата концентрација на неопходното ниво за терапевтски ефект. На овој начин се намалува и бројот на хемотераписки инјекции.
„Идејата црвените крвни зрнца да се користат во својство на носач на физиолошки активните супстанци се појави мошне одамна. Првите научни трудови на оваа тема западните научници ги објавија уште во педесеттите години од минатиот век. Вршени се 'in vivo' експерименти (со живи организми) на глувци и на кучиња, исклучиво во научни цели. За разлика од тоа, во лабораторијата на нашиот научен раководител Фазоил Инојатович Атаулаханов за првпат се спроведени истражувања во кои учествуваа пациенти, и тие дадоа добри резултати“, истакнува Николај Иванов.
Еволуциски шок |
Во експериментот беа вклучени болни од „ризичните групи“ со рак во трет и во четврти стадиум, кои лошо ја поднесуваат вообичаената хемотерапија. Резултатите во поголем број случаи покажаа отсуство на забрзана работа на срцето (тахикардија), кардиотоксичност и токсично дејство на коскената срж (мијелосупресија) – кои се главните несакани ефекти од хемотерапијата. Во определени случаи беше воочливо нивно значително намалување, односно беше постигната ремисија. „Лекарите констатираа дека болните навистина се чувствуваат подобро“, истакна Иванов.
Новиот уред сè уште ги нема поминато претклиничките и клиничките испитувања, но тимот од „ИнЕрФарм“ веќе освои признанија на многу конкурси за бизнис-проекти. Меѓу нив треба да се издвои „Startup Village 2013“ на рускиот Иновациски центра „Сколково“, како и двата конкурса БИТ 2012 и HSE{10K} 2012 кои ги организира руската државна компанија РВК („Российская венчурная компания“) чиј фонд е насочен на развој на иновации и поддршка на нови перспективни фирми. Освен тоа „ИнЕрФарм“ во 2012 година се најде меѓу осумте финалисти на престижниот меѓународен конкурс „Intel Global Challenge“ на Универзитетот Калифорнија во Беркли (САД). Проектот го поддржа и рускиот државен Фонд за помош на мали претпријатија во научно-техничкиот сектор.
Руско „ноу-хау“ во лекувањето нерви |
Денес во светот постојат уште две фирми кои на пазарот промовираат технологија на користење еретроцити во својство на носачи на физиолошки активни супстанци – француската „ERYTECH Pharma“ и италијанската „EryDel“. Првата постои околу 9 години и дури неодамна излезе на пазарот на САД со методи за лекување на ракот на панкреас и на леукемија.
Научниците од „ИнЕрФарм“ очекуваат дека со своето достигнување ќе ги заинтересираат колегите од Западот. Планот е уредот најпрво да се применува при лекувањето на ракот на белите дробови. Се очекува дека ќе поминат уште најмалку три до четири години до нивното излегување на пазарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче