Македонија на МАКС-2013

Авторот: Олга Соколова

Авторот: Олга Соколова

Минатиот месец во Русија беше одржана манифестацијата МАКС-2013. На овој хепенинг учество зедоа стотици компании од целиот свет, чиј бизнис директно или индиректно е поврзан со авијацијата или со производството на летала. Меѓу нив беше и македонската „Микросам“, а нашата редакција за вас подготви специјално интервју со нејзиниот менаџер.

Од 27 август до 1 септември годинава во градот Жуковски недалеку од Москва, се одржа 11 Меѓународен авијатичко-космички салон МАКС-2013. Учество на оваа изложба зедоа стотици компании од целиот свет, чиј бизнис директно или индиректно е поврзан со авијацијата или со производството на летала.

Со оглед на тоа дека развојот на современата авијатичка индустрија во целост се определува според новините и според квалитетот на користените технологии, МАКС традиционално се смета за еден од најголемите високотехнолошки саеми во Источна Европа.

Кога станува збор за Македонија, таа на МАКС беше претставена од страна на една компанија – „Микросам“, која долги години се занимава со опрема за производство на композитни материјали и производи од нив.

Да споменеме дека денес користењето композити е еден од основните трендови во современото производство на летала. Традиционалните авијатички материјали, како што се алуминиумот и неговите легури, сѐ помалку одговараат на современите барања, насочени кон намалување на масата и кон зголемување на економичноста на горивото на леталата. Затоа, лесните и цврсти композити сѐ повеќе се барани во авијатичката и сличните на неа индустрии.

Во врска со ова, не е ни чудно што еден од најважните делови на бизнис-програмата на авиосалонот беше Меѓународната научно-практична конференција: „Композитните материјали во производството на цивилни и воени летала“.

Токму поради тоа, македонската компанија која е специјализирана во оваа област, активно го освојува рускиот пазар, каде што побарувачката на композити расте, како во авијатичката, така и во ред други економски гранки.

За тоа како македонските производители на опрема за производство на композити гледаат на својата перспектива во Русија, во кулоарите на МАКС поразговаравме со менаџерот на А.Д. „Микросам“ Димитар Богданоски.

Целта на нашето учество на МАКС е да им ги покажеме на нашите постојани и потенцијални купувачи нашите новитети. Дојдовме тука за да оствариме средби со партнерите со кои веќе реализираме определени проекти и, секако, да се сретнеме со нови потенцијалн клиенти.

Димитар Богданоски

Колку долго работите со Русија и од кога учествувате на МАКС?

Д.Б.: Во Русија работиме прилично долго, но нашата активност на рускиот пазар се интензивираше во 2007 година. За првпат на МАКС дојдовме во 2008 година како посетители. Тогаш, на таа изложба, видовме определен потенцијал за нас и во 2011 година се случи нашето прво учество. Оваа година ни е вторпат.

Која е основната цел на вашиот бизнис во Русија? Колку е тој успешен? Која е целта на вашето учество во МАКС?

Д.Б.: Ние на пазарот испорачуваме најсовремена опрема за производство, како на композитни материјали, така и на производи од нив. Во Русија досега имаме склучено многу договори, врз основа на кои имаме продадено големо количество опрема. Целта на нашето учество на МАКС е да им ги покажеме на нашите постојани и потенцијални купувачи нашите новитети. Дојдовме тука за да оствариме средби со партнерите со кои веќе реализираме определени проекти и, секако, да се сретнеме со нови потенцијалн клиенти.

Авторот: Олга Соколова

Како ги оценувате вашите резултати од учеството на МАКС-2013? Постои ли интерес за вашите производи од страна на нови потенцијални клиенти?

Д.Б.: Доколку го споредиме овој авиосалон со оној од 2011 година, можеме да заклучиме дека овој пат има многу повеќе посетители кои се интересни за нас. Се запознавме и со нови потенцијални купувачи, со кои постои голема веројатност за склучување на договори во иднина.

Новитетите од јубилејната авиоизложба МАКС

Како го оценувате рускиот пазар за македонските производители, не само во вашата сфера, туку воопшто?

Д.Б.: Кога станува збор за нашата фирма, ние во рускиот пазар гледаме голем потенцијал. Во моментов можеме да се пофалиме со голем број купувачи на нашите производи во Русија. Тоа се претпријатија од авијатичката и од космичката сфера, претпријатија за производство на хеликоптери, а исто така и од областа на транспорт на нафта и гас. Сметаме дека рускиот пазар, безусловно, е интересен за македонските производители. Како што веќе споменав, ние почнавме активно да работиме со Русија од 2007 година, и оттогаш забележуваме како Русија со крупни чекори оди напред. Воедно може да се воочи и како расте пазарот за нашите производи. Тоа значи дека перспективите за македонските компании тука се мошне големи. Како заклучок би сакал да забележам дека без оглед на малото присуство на македонскиот бизнис на рускиот пазар, се набљудува негов бавен, но сигурен раст. Така, во 2012 година, на саемот „Продекспо-2012“ во Москва допатуваа претставници на шест македонски компании, кои тука го претставија својот асортиман на вина. Денес извозот на вино од Македонија во Русија постепено расте. Сето ова уште една ја потврдува потенцијалната перспективност на рускиот пазар за македонските компании.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња