Дмитриј Шугаев: Речиси една третина од производството во претпријатијата на нашата корпорација е предвидена за извоз. Извор: прес-служба на корпорацијата „Ростех“.
Дмитриј Шугаев, заменикот на генералниот директор на државната корпорација „Ростех“, чии холдинзи произведуваат над 80 % од компонентите за руската авионска индустрија, во ексклузивно интервју за „Руска реч на македонски“ зборува за успесите и за стратешките планови на Корпорацијата, како и за динамиката на соработката со странските партнери, од Европа, преку Индија и Кина, до Латинска Америка.
Неодамна во градот Жуковски, недалеку од Москва, заврши Меѓународната авиокосмичка изложба МАКС-2013. Кои новитети ги претстави Корпорацијата на годинашниов МАКС?
Дмитриј Шугаев: Холдинзите на „Ростех“ произведуваат над 80% од компонентите за руската авионска индустрија. Тие годинава го претставија речиси сиот спектар опрема која се користи во современата авијација и во космосот. Тоа се авијатички инструменти, системи за авијатичка и за космичка комуникација, вооружување за военото воздухопловство и за противоздушната одбрана и уште многу друго. На пример, концернот „Радиоелектронски технологии“ (КРЕТ) ги претстави новите инструменти за ловците од петтата генерација ПАК ФА (Т-50) и моментално најмоќниот на светот радарски систем „ИРБИС-Е“ за ловците Су-35.
Освен тоа, во рамките на бизнис-програмата на авиоизложбата корпорацијата „Ростех“ и нејзините организации потпишаа низа спогодби за соработка со руски и со меѓународни производители на авионска техника. Конкретно, потпишани се спогодби со компанијата Denel (Јужноафриканска Република), со француската компанија Turbomeca и со компанијата Airbus. „Ростех“ ја разгледува и можноста во Русија да се основа заедничко претпријатие за склопување регионални авиони, за што во рамките на авиоизложбата се исто така потпишани соодветни спогодби, со тоа што „Ростех“ и Diamond Aircraft Industries заедно веќе покренаа проект за развој на нов вид лесни авиони кои примаат од 9 до 19 патници.
Кои пазари се приоритетни за пласирање на производите на Корпорацијата, особено на новитетите од изложбата МАКС-2013? Кои пазари најдинамично се развиваат и се оценуваат како најперспективни?
Д.Ш.: Речиси една третина од производството на претпријатијата нашата корпорација е предвидена за извоз. „Ростех“ има 50 странски претставништва кои ги промовираат нашите производи во над 70 земји од светот. Ова во голема мера е и причината што, на пример, холдингот „Хеликоптери на Русија“ го зазема првото место во светот според обемот на продажба на борбени ударни хеликоптери, а „ВСМПО Ависма“ задоволува над 30% од светските потреби за титаниум, од кои 40% за компанијата Boeingб 60% од потребите на компанијата Airbus и 100% од потребите на компанијата Embraer. Сè на сè, сега наша цел е во претпријатијата на Корпорацијата да го зголемиме производството за цивилни потреби и овие производи да ги пласираме на домашниот и на странскиот пазар.
![]() |
„Ростех“ има 50 странски претставништва кои ги промовираат нашите производи во над 70 земји од светот. Извор: прес-служба на корпорацијата „Ростех“.
|
Кои изложби покрај МАКС ги користите за воспоставување соработка со партнерите и преку кои канали го остварувате тоа?
Д.Ш.: Спогодбите за испорака на перспективни руски техники често се потпишуваат во рамките на најголемите светски изложби како што е авиосалонот во Бурже во Франција, Фарноборо во Велика Британија, SITDEF во Перу, Airshow во Дубаи, HeliRussia во Русија и други. „Ростех“ исто тала организира над 20 руски изложби во странство по линија на воено-техничка соработка. На овие манифестации нашата корпорација води преговори со меѓународните партнери, по што често се основаат заеднички претпријатија. Со ова се овозможува пренесување на иновациските технологии во руската индустрија. Освен тоа, Русија на овој начин е поприсутна на странските пазари.
Корпорацијата веќе има големо искуство во придобивањето стратешки меѓународни партнери. Соработка воспоставија АВТОВАЗ и Renault-Nissan, КАМАЗ и Daimler, Воронешката и Кировската фабрика за гуми и италијанската Pirelli. „Ростех“ е исто така заинтересиран за развој на односите со сегашниот партнер во заедничкото претпријатие „Хеливерт“. Станува збор за англиско-италијанскиот производител AgustaWestland. Конкретно, се разгледува можноста компанијата да стане косопственик на холдингот „Хеликоптери на Русија“ со купување или со размена на акции.
Што може да се каже за основните правци на соработка на Корпорацијата со Кина, Индија и со Латинска Америка?
Ѕирнете во погонот на МиГ каде се создава легендата Погледнете како се монтираат ловците МиГ-29К/КУБ. |
Д.Ш.: Со колегите од Кина воспоставуваме партнерски врски, меѓу другото и преку бизнис-советот на земјите од БРИКС. Во перспективните насоки на соработка денес се вбројуваат нуклеарната енергетика, производството на ракети за цивилна потреба, како и извозот и одржувањето на хеликоптерите. Според тоа „Ростех“ во февруари годинава потпиша спогодба со намера со кинеската компанија „Полигупа“ да основа заедничко претпријатие кое ќе произведува уреди за обработка на метал и на светлосна техника со мала потрошувачка на енергија.
Кога станува збор за Индија, таа за Русија е еден од клучните пазари за пласман на производи на воена и за мешовита (воена и цивилна) намена. Обемот на порачката на државниот посредник „Рособоронекспорт“ во овој сегмент надминува 6 милијарди долари. Станува збор за спогодби за испорака на широк спектар вооружување а военото воздухопловство, за воената морнарица и за копнената армија на Индија. Освен тоа „Ростех“ продолжува да ја проширува соработката со Индија по пат на основање на заеднички претпријатија. Неколку такви претпријатија веќе се создадени во врска со производство и ремонт на вооружувањето и на воената техника.
„Ростех“ во Јужноафриканската Република отвори центар за одржување на цивилните руски хеликоптери од типот Ми-8/17 и Ка-32. Освен тоа, планирано е во комплексот на компанијата Denel Aviation да биде изграден регионален центар за одржување и за капитален ремонт на сите модели на испорачани хеликоптери во регионот јужно од Сахара.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче