Русија за прв пат после 25 години произведува повеќе злато од САД

Русија за прв пат после 25 години ги достигна Соединетите Американски Држави според нивото на произведено злато, изјави министерот за природни ресурси и екологија на Русија, Сергеј Донској.

Русија за прв пат после 25 години ги достигна Соединетите Американски Држави според нивото на произведено злато, изјави министерот за природни ресурси и екологија на Русија, Сергеј Донској.

„Според обемот на производство на злато Русија неодамна се најде на третото место во светот, веднаш после Кина и Австралија, надминувајќи ги САД за прв пат после 25 години“, изјави министерот.

Тој забележа дека во последниве пет години биле откриени повеќе од 270 нови наоѓалишта на злато.

„Притоа, треба да се забележи дека Русија не влегува во лидерите според нивото на инвестиции во геолошките истражувања на нови наоѓалишта, што има негативни последици од гледна точка на социјално-економскиот развој на регионот“, забележа министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња