Уникатен автомат-амфибија

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев го разгледува автоматот-амфибија од Тула (АДС). АДС е создаден за командосите, но може да стен и оружје за сите специјални единици на Главната разузнавачка управа, на поморската пешадија и на копнената војска. Фотографија: AP.

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев го разгледува автоматот-амфибија од Тула (АДС). АДС е создаден за командосите, но може да стен и оружје за сите специјални единици на Главната разузнавачка управа, на поморската пешадија и на копнената војска. Фотографија: AP.

Во Русија е направено оружје кое може да стрела и под вода и на копно.

Конструкцијата на нуркачкото оружје за командосите започнала уште за време на Втората светска војна и по неа, односно веднаш штом во воените флоти ширум светот се појавиле подводните диверзанти. Но, само СССР има успеано да направи автомати и пиштоли кои можат да дејствуваат под вода. 

Пред речиси половина век специјалните разузнавачки служби на Воената морнарица го добија пиштолот СПП-1 со калибар од 4.5 милиметри и автоматот АПС со калибар од 5.66 милиметри. Како подводна муниција се користеле стрели, но тие биле ефикасни само под вода, а не и на суво. Секако може да се стрела и на површината и така да се пука во непријателот, но само ако е тој во непосредна близина, а веќе на растојание од 50 метри не е можно да се гаѓа прецизно, така што убиственоста е мала. Освен тоа, подводниот автомат на суво можел да испука најмногу 180 куршуми, по што излегувал од употреба. 

Никому на светов не му пошло од рака да ја повтори нашата технологија на изработка на автоматско подводно оружје. Но, заради ограничените можности командосите биле принудени на задача со себе да носат два пиштола и автомат, како подводните АПС и СПП-1, така и обични Калашников и пиштоли Макаров. Ова не било лесно, но немало што да се прави. Се чинеше дека е сосема невозможно да се направи оружје кое би дејствувало еднакво добро во толку различни средини. 

Оваа нерешлива задача ја решија тулските конструктори на оружје. Идејата и основната конструкција се на покојниот Василиј Петрович Грјазев, извонреден конструктор на стрелечко оружје. Неговото започнато дело го довршија неговите соработници и ученици од Централното конструкторско истражувачко биро за спортско и ловечко оружје во рамките на конструкторското биро за инструменти, инаку прочуено по своите насочувачки ракети и по брзометните топови. (Конструкторското биро за инструменти во Тула не се занимава со конструирање на инструменти, но овој назив го добило за да ги збуни шпионите. Тука се прави оружје, меѓу другото и стрелечко). 

Тука е создаден и единствениот подводен куршум со големина на обичен куршум за автомат. Во Тула во 2007 година беше завршено конструирањето на специјален автомат со калибар од 5.45 милиметри, кој делува во двете средини, а скратениот назив му е АДС. На него не стои името на конструкторот, зашто на новото оружје работеше голема група стручњаци. Можеби ова не звучи премногу престижно, но затоа автоматот е беспрекорен. 

Под вода пукањето се врши со куршуми со калибар 5.45х39 милиметри, а на суво со класични куршуми од истиот калибар. Потребно е само да се замени магацинот и наместо оној за испукување куршуми под вода да се стави нов, со обични куршуми за стандарден Калашников. Освен тоа АДС има и фрлач на гранати за 40-милиметарските проектили ВОГ-25 и ВОГ-25П. Комплетот може да содржи тактички придушувач и различни нишани.

Тактичко-технички карактеристики на автоматот АДС

 

  • маса со фрлач на гранати: 4.6 килограми
  • должина: 685 милиметри
  • куршуми од калибар 5.45х39 милиметри: ПСП-УД – за пукање под вода, 7Н6 – за пукање на суво
  • брзина на гаѓање: 800 куршуми во минута
  • нишанска далечина на суво: 500 метри

Кај овој автомат се реализирани мноштво оригинални технолошки решенија, што е малку невообичаено за едно домашно оружје. Доволно е да се спомене булпап-конфигурацијата во која дршката на пиштолот со обрачот се наоѓа пред магацинот со куршумите, а подвижните делови се сместени во кундакот. Ваквата шема овозможува да се намали големината на автоматот без да се скратат цевките. Наместо обичен кундак, АДС има дел во вид на амортизер кој се потпира на рамото. 

Првпат во домашната практика се применува исфрлање на празни гилзи напред, а не настрана, и тоа без повлекување на затворачот, што ја намалува изложеноста на лицето на гасови и овозможува да се пука од десното и од левото рамо без преместување на деловите, односно автоматот можат да го користат и левучари и деснаци. 

Во конструкцијата на автоматот АДС обилно се користат композитни материјали со чија помош се намалува масата на оружјето и се зголемува неговата отпорност на корозија. 

Конструкцијата на гасниот цилиндар е дополнета со регулатор на гасови. Тој овозможува лесно бирање на гасниот режим „вода-воздух“. 

Во целиот свет ова е првиот автомат кој еднакво добро делува под вода и на суво, не е ништо полош од најновиот модел на автоматот Калашников, само што е помал од нив. 

Вакви аналози не постојат ниту на Запад, ниту, пак, на Исток. АДС е направен за командоси, но бидејќи излезе дека конструкцијата му е многу добра и универзална, тој може да стане оружје не само за специјалните поморски единици, туку и за сите специјални единици на Главната разузнавачка управа, на поморската пешадија и на копнената војска. 

Автоматот мина низ цела низа воени тестирања и доби позитивни оценки. Сега е ставен на пробно користење, а одлуката за негово воведување во оперативна употреба може да биде донесена мошне скоро.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња