Путин предвидува: од Москва до Сочи за 8 часа

Извор: РИА Новости.

Извор: РИА Новости.

Претседателот на Русија Владимир Путин во Сочи организираше состанок на тема „За перспективите и експресниот железнички сообраќај во Руската Федерација“. Меѓу другото, стана збор и за проекти за изградба на експресни магистрали на релации Москва – Казањ и Москва – Сочи (Адлер).

- Создавањето услови за експресен превоз на луѓе и стока, и тоа по достапни цени, е клучен приоритет за нашата економија и за нашата социјална политика, - забележа Путин. – Ова се нови можности за пораст на економијата на земјата, за развојот на регионите, за развојот на пазарот на труд, за превозот на луѓето. Тоа е принципиелно поинаков квалитет на живот за нашите граѓани, начин за привлекување туристи во нашата земја, како и привлекување на бизнисот, а исто така и успешна реализација на нашиот транзициски потенцијал и тесна интеграција во евроазиското транспортно пространство, и воопшто во евроазиското економско пространство. 

Шефот на државата потсети дека веќе се направени определени чекори во организацијата на експресниот транспорт, а тоа се правците Санкт Петербург – Москва, Москва – Нижни Новгород и Санкт Петербург – Хелсинки. Тие веќе покажаа ја покажаа својата неопходност и ефективност: бројот на патници на овие правци сè повеќе расте. 

- Во моментов се разгледуваат неколку правци за изградба на експресни магистрали. Една од нив е Москва – Казањ. Според првичните податоци времето патот од Москва до Казањ, ако започнеме и ја завршиме оваа градба, ќе се намали од 11.5 ласа на 3 часа и 30 минути, - продолжи претседателот на Русија. – Другата можност е Москва – Ростов на Дон – Адлер. И во овој случај патувањето ќе се намали на 8 часа. Ова се, исто така, мошне користени правци. Доколку во првиот случај станува збор за користење во текот на целата година, во вториот станува збор за сезонско користење, но треба да имаме предвид дека ние го правиме Сочи да биде туристичко место за целата година, така што и овој фактор е од сериозно значење.

Според првичните податоци времето патот од Москва до Казањ ќе се намали од 11.5 ласа на 3 часа и 30 минути,а патот Москва – Ростов на Дон – Сочи (Адлер) ќе трае 8 часа 

Сепак Путин забележа дека е потребно да се оцени економската целесообразност на овие проекти: - Потребно е да се формулира јасна, разбирлива финансиска и организациско-правна шема за реализација на ваквите проекти, да се пресмета очекуваниот ефект од

пуштањето на овие магистрали, како за државата, така и за потенцијалните инвеститори. Само во вакви услови ќе обезбедиме рационален расход на ресурсите и ќе ги привлечеме во работата и бизнисот и регионите. Во експликацијата на овие проекти треба да бидат содржани и решенија за тарифната политика и за цената на билетите. Тука веднаш сакам да подвлечам: цената за нив треба да биде прифатлива и достапна за поголемиот број граѓани. 

Во најважните прашања тој го вброи и проблемот со експропријација на земјата за изградба на железничката линија, бидејќи мошне често тоа ги задира интересите на сопствениците на земјата и во такви случаи треба да се дејствува урамнотежено и во согласност со законите. 

Освен тоа, според Путин, при склучувањето договори за изградба на железничките патишта, потребно е да им се даде приоритет на руските претприемачи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња